Kонгрес на Европската академија за неврологија 2019
Скопје, 09. јули 2019 година
Благодарение на науч. сор. д-р Иван Барбов од ЈЗУ Универзитетската клиника за неврологија – Скопје, Ви пренесуваме дел од најзначајните информации кои беа споделени од областа на мултипла склероза на неодамна организираниот Конгрес на Европската академија за неврологија (анг. European Academy for Neurology). 5-тиот Конгрес се одржа од 29 јуни до 2 јули 2019 година во Осло, Норвешка.
Пред повеќе од 6.000 невролози од целиот свет беа презентирани нови податоци од клинички студии, од редовна клиничка пракса, водичи итн. во повеќе области од неврологијата.
Подолу Ви пренесуваме дел од најзначајните информации:*
- побрза дијагностика на мултипла склероза,
- започнување со третман на мултипла склероза веднаш по поставување на дијагноза и
- промена на лекот доколку и покрај редовното лекување, активноста на болеста сè уште постои.
- рано започнување на третман со високо ефикасни лекови за МС,
- ран и ефикасен третман доведува до можност за намалување на активноста на болеста и на крај спречување и намалување на инвалидноста.
Овој конгрес донесе многу новини како за здравствените работници, истражувачите така и за пациентите со мултипла склероза. Се надеваме дека новите сознанија, практики ќе го унапредат разбирањето на мултипла склероза и ќе придонесат кон конечно излекување на мултиплата склероза.
*Фотографии на д-р И. Барбов