Конференција на MS Sessions 2019
Скопје, 06.12.2019 година
Конференцијата на MS Sessions претставува одлична можност за обединување, размена на знаења и остварување нови контакти и пријателства меѓу младите со мултипла склероза од европските земји. Настанот се организира секоја година од страна на Shift.ms и EMSP, European Multiple Sclerosis Platform (Европска МС платформа).
Оваа година MS Sessions се одржа од 25 до 27 октомври во Букурешт, Романија каде домаќините пречекаа 150 учесници. Двата дена беа исполнети со говори од водечки експерти од областа на мултипла склероза (МС), интерактивни активности, презентација на нови работи и можности за поврзување со други млади луѓе со МС ширум Европа. Посебна убавина на оваа конференција беше изобилството на енергија, поддршка, разбирање и позитивна атмосфера.
Зошто овој настан е наменет само за млади со МС?
Идејата за MS Sessions се појавија на годишната конференција на EMSP во 2016 година, каде многумина присутни сакале да присуствуваат на фестивал каде би можеле да се сретнат со други луѓе на иста возраст како нив (тие биле претежно во нивните 20-ти). И покрај многуте дебати околу поставувањето на опсегот на возраста, односно одредувањето на старосната граница на учесниците, сепак, била донесена одлука да се дефинира возраста за присутните, бидејќи желбата и потребата била да се организира конференција специјално за млади лица со МС.
Зошто горната граница е 40 годишна возраст?
Изборот паднал на 18-40 години бидејќи ова е период од животот во кој најчесто се дијагностицира МС (неодамнешна студија покажала дека 81% од сите дијагностицирани се на возраст под 40 години). Намерата е сите инволвирани на оваа конференција (вклучувајќи го и тимот) да бидат на возраст под 40 години. Единствен исклучок би биле некои од предавачите.
Наместо заклучок
Конференцијата на MS Sessions е поддршка за најранливата категорија на лица кои се соочуваат со сериозна хронична болест во најубавите години од животот, ги потсетува лицата со МС дека не се немоќни, дека се продуктивни и способни да превземат акција, да придонесат за подобро утре.
Тоа е цела заедница на млади луѓе со исти искуства, кои се соочуваат со исти предизвици и проблеми, но со широко срце да ви понудат поддршка, сочувство, разбирање, емпатија и позитивно расположение.
Запомнете. Не сте зами. Сепак, заедно сме посилни.