Годишна виртуелна конференција ЕМСП 2020
Прогресивната мултипла склероза (МС) беше во фокусот на Годишната виртуелна конференција на Европската МС платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, ЕMSP) во 2020 година, кoja се одржа виртуелно на 19 и 20 ноември.
На конференцијата насловена „Разбирање на прогресивна мултипла склероза“ учествува повеќе од 550 пациенти, организации на пациенти, здравствени работници, како и научници, експерти за јавно здравје и креатори на политики на локално и европско ниво.
Напредокот во истражувачките, како и практичните сознанија за прогресивната МС беа дел од конференциската програма, се дискутираа најновите достигнувања во истражувањето за прогресивна МС, тековните трендови за рехабилитација на лицата со прогресивна МС во Европа, како и емоционалните предизвици и предизвиците на работното место со кои се соочуваат лицата кои живеат со оваа форма на болеста.
МС е комплексна автоимуна болест што доведува до невродегенерација, се проценува дека погодува над еден милион Европејци. Со прогресивна форма на МС, наречена примарна прогресивна МС, се проценува дека се погодени до 15% од пациентите. Оваа форма се карактеризира со постојано влошување на невролошката функција, без знаци на релапс или ремисија (кога симптомите се влошуваат, но потоа се подобруваат).
Додека другите форми на МС , како што е релапсната реминентна МС се во фокусот на многу истражувачки студии, прогресивната МС претставува предизвик и има малку терапии кои сѐ уште се во клинички развој.
Причините за прогресивна МС сè уште не се сосем познати, што го отежнува развојот на нови третмани. Покрај тоа, клиничките испитувања за новите видови терапија се скапи и бараат долг период на тестирање за да се процени ефикасноста кај оваа популација на пациенти.
Времетраењето на испитувањата, големите трошоци и неизвесноста во однос на резултатите, често се наведуваат како причини кои ги обесхрабруваат инвестирањата.
ЕМСП е составена од 43 организации – членки од 37 европски земји и има над 30 години експертиза во областа на МС. Оваа платформа бара зголемување на инвестициите за истражување со цел да се дојде до повеќе сознанија за прогресивната МС.
Со акцент на „Разбирање на прогресивната МС“, состанокот на ЕМСП во 2020 година има за цел да ја подигне свеста за тековните предизвици со кои се соочуваат пациентите и научниците кои ја проучуваат прогресивната форма на болеста.