ФИЗИО ДИНАМИК, нов соработник на Националното здружение за МС
Почитувани,
Со посебно задоволство ја споделуваме со вас информацијата дека тимот на соработници на Националното здружение за МС се зголемува. Со тоа зголемуваат и услугите и поволностите кои ги добиваат лицата со мултипла склероза, членови на Националното здружение за МС.
Од причина што лицата со МС треба да останат активни и физички ангажирани, го збогативме нашиот тим на соработници со лице чија улога е од исклучителна важност за одржување на здравствена состојба на лицата со мултипла склероза (МС), односно:
- Покрај Илија Жежов дипломиран физиотерапевт, со чија долгогодишна работа на оваа проблематика сте детално запознаени, сега го имаме и
- Дипломиран физиотерапевт Бојан Димковски. Неговата кратка биографија ја имате тука.
Бојан Димковски е сопственик на Центарот за физикална терапија, киропрактика, масажа и кинезитерапија ФИЗИО ДИНАМИК – Скопје. Услугите кои се нудат во неговиот центар се следните:
- Индивидуални и групни кинезитерапевтски вежби
- Терапевтска (медицинска) масажа
- Спортска масажа
- Релаксациона масажа
- Киропрактичен третман
- Лимфна дренажа
- Физикална терапија (електротерапија, сонотерапија)
- Домашна посета
Со цел да им овозможиме на нашите членови, лицата со мултипла склероза, врвна услуга од високостручни лица во областа на физиотерапијата, која ќе овозможи лицата со МС да ја одржуваат својата телесна и мускулна подготвеност и оптимална спремност со цел одбегнување на прогресија на болеста и можно влошување на здравствената состојба, и секако по најпристапна цена, договоривме попуст од 15% на сите услуги кои ги нудат:
- Центарот за физикална терапија, киропрактика, масажа и кинезитерапија ФИЗИО ДИНАМИК – Скопје. Детално за услугите и начинот на закажување имате на следниот линк https://www.facebook.com/fiziocentardinamik и
- Центарот за масажа и оджрување на тело ФИЗИОТЕРАПЕВТ ЗДРАВЈЕ – Гостивар. Детално за услугите и начинот на закажување имате на следниот линк https://www.facebook.com/profile.php?id=100074397672857
Останете во добро расположение, вежбајте, почитувајте ги советите од врвните стручни лица кои ќе придонесат да го зачувате вашето здравје и одржите вашата физичка подготвеност.
Тимот на Националното Здружение за МС секогаш работи во интерес на лицата со МС, тоа значи дека нема да застанеме тука, одосно ќе се стремиме да обезбедиме најдобра услуга и третман за своите членови на секое поле.
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance) и асоцијативна членка на Алијансата на пациентски организации (АПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
Повеќе за здружението на следниов линк. https://msmakedonija.eu.org/za-nas/.