Авицена Женска трка втора година поддршка на жените со мултипла склероза
Почитувани,
Како и минатата година, така и оваа 2023 година, Авицена Женска трка во соработка со Националното здружение за МС ќе даде придонес во зголемувањето на јавната свест за мултипла склерозата преку соделување на едукативни содржини и информации за предизвиците кои го носи ова хронично заболување.
Акцент ќе се стави на поддршка на ЖЕНИТЕ кои со соочуваат со мултипла склероза (МС), бидејќи МС ТРИ ПАТИ почесто се дијагностицира кај ЖЕНИТЕ наспроти мажите!!!
Националного здружение ги повикува припадничките на понежниот пол (дамите со МС) да земат директно учество на овој настан.
Бројот на ваучери, обезбедени од страна на здружението, е ограничен, затоа не двоумете се и пријавите се за учество на Женска трка. За таа цел потребно е да ни доставите: име и презиме, мејл адреса и дата на раѓање на официјалната мејл адреса на здружението msmskedonija@gmail.com.
Драги дами, покажете ги вашите супер моќи, пријавете се и учествувајте на Женска трка на 9 април 2023 година.