Мултипла склероза и проблеми со спиењето
Луѓето со мултиплa склероза (MС) честопати имаат проблеми да имаат здрав ноќен сон, но проблемите може да не се должат на самата болест. Стресот, спастичноста во рацете или нозете, неактивноста или депресијата можат да се појават заедно со МС и можат да влијаат да имате добар ноќен одмор. Во некои случаи, лезии на МС на одредени места во мозокот можат да влијаат на нормалниот сон.
Без оглед која е причината за проблемите со вашиот сон, некои едноставни решенија можат да ви помогнат да добиете поквалитетен ноќен сон.
Разговарајте со вашиот доктор за овој проблем. Тоа може да ви помогне да сфатите како да го решите вашиот проблем и да имате подобар сон.
Како можам да имам добар ноќен сон?
Ако медицинскиот проблем е спастичност, проблеми со мочниот меур или депресијата која ве буди, разговарајте со вашиот доктор за третмани што ги олеснуваат овие состојби.
Соодветна рутина на спиење исто така може да биде од голема помош. Обидете се со овие совети:
Опуштете се навечер пред да одите во кревет.
Обидете се да ги решите сите проблеми во текот на денот за да не се грижите за утрешниот распоред. Ако е тешко да го „исклучите“ вашиот мозок, обидете се со рутини што можат да ви помогнат да се опуштите, како медитација или вежби за дишење.
Одете во кревет кога сте уморни.
Обидете се да одите во кревет во исто време секоја вечер. Ако не можете да заспиете после 10-15 минути, станете. Не лежете во кревет и не гледајте го часовник или не бројте ги пукнатините во ѕидот. Пронајдете нешто да правите кое ви делува релаксирачки, како што е работа на загатка, читање книга или пишување писмо до пријател. Наместо да гледате телевизија, што не бара напор, направете нешто активно за да може да се исклучите. Но, не вршете ја таа активност додека сте во кревет – чувајте ги чаршавите за сон и секс.
Следете ги и овие совети:
- Обидете се да не спиете во текот на денот. Ако дремнете, не спијте премногу долго.
- Избегнувајте кофеин и алкохол 4-6 часа пред спиење.
- Немојте да пушите пред спиење или во текот на ноќта.
- Ако потребата за одење во тоалет ве буди, обидете се да пиете помалку течности во вечерните часови. Наместо тоа, земете ја препорачаната количина на течности во текот на денот и искористете го тоалетот непосредно пред спиење.
- Не одете во кревет гладни или веднаш по тежок оброк. Ако ви се дуе стомакот, јадете лесна закуска или напијте се чаша топло млеко.
- Вежбајте редовно, по можност во текот на денот. Избегнувајте енергично вежбање 3 часа пред спиење.
- Поставете го вашиот аларм да ве разбуди во исто време секој ден, дури и во деновите кога сте без работа и за време на викендите.
Ако сè уште не можете да доволно да спиете, разговарајте со вашиот доктор. Тој може да ви помогне да дознаете што се случува. Исто така може да ве упати кај специјалист доколку е потребно.
Извор: https://www.webmd.com/multiple-sclerosis/ms-taking-control-sleep
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.