Што треба да знаете за коронавирусот (COVID-19)

Што значи коронавирус COVID-19 за луѓето кои живеат со мултипла склероза?
Многу лекови кои ја модифицираат болеста (анг. disease modifying therapies, DMTs) за мултипла склероза (МС) имаат механизам на дејство за модифицирање или сузбивање на имунолошкиот систем кај луѓето. Пациентите со МС кои се лекуваат со овие лекови можат да се соочат со зголемен ризик од инфекции.
Ако земате лек за МС и сте загрижени за ризикот од COVID-19, не прекинувајте го вашиот лек без претходно да разговарате со вашиот доктор.
Ако сте биле во близок контакт со лице за кое е познато дека има COVID-19 или верувате дека сте биле изложени на COVID-19 или е потврдено дека имате инфекција, останете дома и веднаш контактирајте со вашиот невролог и матичен доктор за совет.
Повикајте го вашиот невролог и матичен доктор ако неодамна сте патувале во ризична земја каде е распространет коронавирусот или е во процес на ширење.
Што е коронавирус 2019 (COVID-19)?
Коронавирус 2019 (COVID-19) е респираторна инфекција која може да се шири од лице на лице. Сè уште не се знае колку лесно се шири меѓу луѓето вирусот што предизвикува COVID-19.
Кои се симптомите на COVID-19?
Повеќето луѓе кои се заразиле со COVID-19 ќе имаат благи симптоми, но некои луѓе ќе развијат потешки симптоми. Симптомите можат да вклучуваат треска, кашлица и отежнато дишење (краток здив).
Како можам да помогнам за да се заштитам себеси и другите?
Постојат едноставни секојдневни превентивни активности за да се спречи ширењето на респираторните вируси како што се:
- Често мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Користете средство за дезинфекција на база на алкохол, кое содржи најмалку 60% алкохол, доколку не ви се достапни сапун и вода.
- Избегнувајте близок контакт (најмалку 3 метри оддалеченост) со луѓе кои се болни.
- Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со неизмиени раце.
- Кашлајте, кивајте во шамивче, а потоа фрлете го во корпа за отпадоци, а ако немате при рака кивнете или искашлајте се во свиткан лакт.
- Исчистете и дезинфицирајте предметите и површините кои често ги допираните.
- Останете дома и контактирајте го вашиот доктор доколку имате симптоми, сте биле во близок контакт со лице за кое е познато дека има COVID-19 или ако неодамна сте патувавте во област со широко распространет COVID-19.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.