Регистар на пациенти со МС заболени со COVID-19
Неодамна, Consortium of Multiple Sclerosis Centers (CMSC) и National Multiple Sclerosis Society имплементираа и пуштија во фукнција нов регистар за прибирање на податоци со цел следење на инфекциите со коронавирусот кај лицата со мултипла склероза (МС) и сродни заболувања, односно заболени со COVID-19.
Базата на податоци наречена COViMS (COVID-19 инфекции кај мултиплa склероза и сродни болести) ќе интегрира информации за пациенти со МС и други демиелинизирачки заболувања на централниот нервен систем, како неуромиелитис оптика и МОГ автоимуна болест од Северна Америка, кои ќе се разболат од новиот коронавирус односно ќе имаат CОVID-19. Ова е од исклучително значење за пациентите со МС и здравствените работници бидејќи досега не постоеше ваква база на податоци.
Целта е да се разбере како COVID-19 влијае врз здравјето и благосостојбата на лицата со МС. Се надеваме дека информациите добиени од базата на податоци ќе дадат релевантни податоци за тоа како одредени фактори влијаат на исходот при инфекција кај пациентите со МС, како возраста, присуство на друга хронична болест (коморбидитет), примање на други лекови и друго. Овие податоци ќе помогнат во донесување на важни клинички одлуки за третман на лицата со МС и COVID-19. Податоците може да имаат и корисна примена при слични вирусни инфекции во иднина.
„COViMS ќе обезбеди податоци од огромна корист за тоа како COVID-19 влијае врз лицата со МС, вклучително и како одредени лекови за модифицирање на болеста предизвикуваат посебни ризици“, изјави June Halper, извршен директор на CMSC, во соопштението за печат.
„Луѓето со МС и здравствените работници имаат потреба од упатства засновани врз докази за да обезбедат оптимална нега на МС за време на пандемијата со COVID-19, а базата на податоци COViMS ќе помогне да се одговори на многу прашања“, изјави Bruce Bebo, извршен потпретседател на истражувањето за National Multiple Sclerosis Society.
Здравствените работници кои се грижат за лицата со МС кои имаат потврдена дијагноза на COVID-19 треба да пополнат Образец за извештај на случај, Case Report Form (CRF) на веб страницата COViMS. Образецот собира демографски податоци (возраст, пол, раса, историја на пушење), податоци поврзани со МС (симптоми, третмани, коморбидитети) и податоци специфични за COVID-19 (детали за дијагностика, резултати од лабораториски тестови, симптоми, третмани).
Поради нивото на клинички детали што се бараат, Извештаите треба да бидат пополнети исклучиво од здравствените работници, а не од пациенти. Веб страницата COViMS сугерира, дека пациентите со МС на кои им е дијагностицирана COVID-19 треба да ги охрабрат своите здравствените работници да пополнат CRF во нивно име.
Покрај CRF, веб страницата COViMS исто така нуди и одговори на често поставувани прашања во врска со проектот и нуди ресурси за пациентите. Од ставањето во функција на проектот, веб страницата обезбедува најнови податоци на оваа тема, кои ќе бидат ажурирани најмалку еднаш неделно.
Подолу Ви нудиме неколку интересни линкови:
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.