„Виртуелен МС советник“ нуди одлична можност за пациентите со мултипла склероза и останатите заинтересирани лица да добијат одговори по однос на сето она што ги интересира околу мултиплата склероза од високостручни лица (невролог, психолог, физиотерапевт, нутриционист), одговори базирани на проверени, ажурирани и релевантни извори.
Во рамки на проектот Виртуелен МС советник, со цел да добиете најквалитетни одговори за сѐ што ве интересира, ангжиравме девет стручни лица, најдобри во својата област:
- науч. сор. д-р Иван Барбов
- науч. сор. д-р Игор Кузмановски
- науч. сор. д-р Николина Тановска
- асс. д-р Бојан Бошковски
- асс. д-р Слободанка Саздова – Бурнеска
- дипл. мед. сестра Јасминка Коруноска
- лиценциран психолог Наташа Митровска
- физиотерапевт Илија Жежов
- сертифициран нутриционист консултант Цвета Динева
Дознајте ги одговорите на сите прашања каде и да сте. Со едноставно кликнување на прашањето за кое сакате да го дознаете одговорот ќе имате можност до го проследите снимениот видео одговор.