Работи кои не сакаме да ги слушнеме

- Се надевам дека наскоро ќе оздравиш.
- Продолжете да се молите, Исус ќе ве излечи.
- Мојата сосетка Ејми има мултипла склероза, дали ја познавате?
- Да но, вие всушност немате вистинска попреченост, нели?
- З-Д-Р-А-В-О! КАААААКОООО СИИИИИИ?
- Дали болеста ви е вродена?
- Не ми изгледаш болно.
- Како одите во тоалет?
- Знам како ти е и јас се нервирам кога не работи лифтот.
- Да, местото е пристапно, има само 3 скалила.
- Што е работата, цело време те слушам “уф она, уф ова”?
- Целосно разбирам како ти е, мојот пријател има попреченост.
- Ако бев инвалид, мислам дека немаше да можам да продолжам да живеам.
- Барем немате рак.
- Сакам и јас да имам бесплатно место за паркирање, колку сте среќни што ги добивате сите тие работи бесплатно.
- Вие сте многу убави за да имате попреченост.
- Вие сте инспирација.
- Вие сте тука. Мора да се чувствувате подобро.
- Уф, сѐ би дал не морам да стојам.
- Не би требало да пиете диетална Кока Кола.
- Овој витамин ќе ви ги избрише симптомите.
- Како успеа да добиеш МС?
- Слушнав дека вакцините предизвикувале МС.
- Зошто ја завлекувате едната нога?
- Престанете да ја користите MС како изговор. Не е можно да се чувствувате така цело време.
- Верувај ми, точно знам како се чувствуваш!
- Треба почесто да излегувате од дома.
- Можеби треба повеќе да вежбате.
- Можеби треба да се потрудиш повеќе.
- Сигурно е многу убаво да се биде дома цел ден, живеејќи од бенефиции, додека ние другите треба да работиме.
Извор: https://shift.ms/app/@watsoncraig/things-not-to-say-to-us-MDL6W8qvxAIhy4NLRaWS
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.