17. септември – Светски ден за безбедност на пациентите
На 17. септември 2021 година се придружуваме на глобалната здравствена заедница во одбележувањето на Светскиот ден за безбедноста на пациентите (World patient safety day – WPSD).
Годишната кампања на СЗО (WHO) има за цел да го подобри глобалното разбирање за безбедноста на пациентите, да го зголеми јавниот ангажман во безбедноста на здравствената заштита и да ги промовира глобалните активности за зајакнување на безбедноста на пациентите за свет во кој никој не е повреден во здравството и сите пациенти добиваат безбедна и посветена грижа.
Тема на годинешното обележување на Светскиот ден за безбедност на пациенти е: Безбедно мајчинсктво и грижа за новороденчиња, а слоган: Дејствувајте сега за безбедно и почитувано породување!
Со оглед на значителното оптоварување на кое се изложени жените и новороденчињата поради небезбедна грижа, годинашниот Светски ден за безбедност на пациентите е посветен на потребата да се даде приоритет и да се стави фокусот на безбедноста во грижата за мајките и новороденчињата, особено во времето на породување, кога се појавуваат најголеми штети. Ова е особено важно во контекст на нарушување на здравствените услуги поради пандемијата COVID-19, што претставуваше дополнителен товар на ситуацијата.
Бидејќи искуствата на жените за време на породувањето се исто така погодени од прашањата за родова еднаквост и насилство, Светскиот ден за безбедност на пациентите го нагласува важниот поим за грижа за почит и неговата поврзаност со безбедноста.
Светскиот ден за безбедност на пациентите (World Patient Safety Day) е воспоставен од Светското здравствено собрание во 2019 година преку резолуцијата WHA72.6 за „Глобални акции за безбедност на пациентите“ и се одбележува секоја година на 17. септември. Цели на денот се да се зајакне глобалното разбирање за безбедноста на пациентите, да се зголеми јавниот ангажман во безбедноста на здравствената заштита и да се промовира глобална акција за спречување и намалување на штетата што може да се избегне во здравствената заштита. Секоја година, се избира нова тема за да се расветли приоритетната област за безбедност на пациентите каде што се потребни активности за да се намалат штетите кои можат да се избегнат во здравствената заштита и да се постигне универзалнa здравствена заштита.