Нова соработка – ТРИМЕКС ДООЕЛ Скопје

Почитувани,
Со посебно задоволство ве информираме дека Националното здружение за мултипла склероза воспостави соработка со компанијата Тримекс ДООЕЛ. Оваа соработка претставува пример за општествено одговорно партнерство помеѓу граѓанскиот сектор и приватниот бизнис сектор во насока на обезбедување подобар квалитет на живот на крајните корисници.
Кои се придобивките?
Членовите на Националното здружение за МС имаат:
- поволности при он-лајн нарачки од нивниот широк асортиман на витамини, минерали, билни производи и други додатоци во исхраната кои можете да ги видите на нивната веб страница. Напомена: попуст не се применува на артиклите кои се веќе на попуст.
- бесплатна достава низ целата држава без разлика колкава е вреденоста на вашата нарачка.
Како да добиете попуст?
Потребно е да испратите меил на info@trimeks.com.mk, по кое ќе добиете повратен меил со персонализиран КОД кој ќе ви овозможи попуст.
Повеќе за Тримекс ДООЕЛ
Компанијата Тримекс ДООЕЛ е основана во 1990 година, со основна дејност дистрибуција на додатоци во исхраната и застапување на реномирани меѓународни брендови од областа на нутритивните суплементи. Нејзината понуда опфаќа витамини, минерали, билни производи и други додатоци во исхраната произведени според високи стандарди за квалитет.
Преку ова партнерство, двете страни ја нагласуваат важноста на поддршката за лицата кои живеат со хронични заболувања и ја поттикнуваат јавната свест за значењето на здравиот начин на живот, правилната исхрана и достапноста на квалитетни производи.
Националното здружение за МС продолжува да гради партнерства со компании и организации кои споделуваат слични вредности и се подготвени да придонесат кон создавање поинклузивна и поддржувачка средина за лицата со мултипла склероза.
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 11. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance), асоцијативна членка на Интернационалната МС федерација (анг. MS International Federation) и полноправна членка на Националната Алијанса на пациентски организации (НАПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
Повеќе за здружението на следниов линк.