Остварена соработка со Дијагностичка лабoраторија РАМУС
Почитувани,
Посебна чест ни претставува да ве информираме дека тимот на соработници на Националното здружение за МС се зголемува. На овој начин се отвораат поголем број можности, услуги и поволности кои им се ставаат на располагање на лицата со мултипла склероза, членови на Националното здружение за МС.
На наше задоволство во листата на соработници на Националнотом здружение се запиша Дијагностичка лабoраторија РАМУС. Членовите на Националното здружение за МС можат да ги користат услугите со попуст од 15% за сите анализи во Лабораториите Рамус.
Мисијата на лабораторијата Рамус во Македонија е да го претстави и донесе квалитетот од својата матична лабораторија од Република Бугарија, каде пациентите ќе можат да направат анализа на голем број биомаркери со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови за остварување на сеопфатна дијагностика во насока на унапредување на човековото здравје.
Рамус лабораторија нуди бесплатни консултации со Специјалист по медицинска биохемија, со закажување на следните телефонски броеви:
02/55 12 500; 078/20 80 53 , секој работен ден од 12:00-14:00 часот.
Тимот на Националното Здружение за МС во своите активности секогаш во преден план ги има интересите и потребите на лицата со МС, тоа значи дека нема да застанеме тука, одосно ќе се стремиме да обезбедиме и понудиме палета на најдобри услуги и третман за своите членови кои нудат најдобар квалитет на секојдневието на лицата со мултипла склероза.
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 11. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platfrom, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance), асоцијативна членка на Интернационалната федерација за МС (анг. MS International Federation) и членка на Националната Алијанса на пациентски организации (НАПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
За да дознаете повеќе за здружението посетете ја нашата веб страница.