Премиерот и министерот за здравство во посета на Универзитетската клиника за неврологија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска ја посетија Универзитетската клиника за неврологија, истакнувајќи дека оваа клиника веќе е рамо до рамо со здравствените установи во европските земји.
Премиерот Заев потенцираше дека неколкуте новини коишто на Клиниката за неврологија се воведени од неодамна, ќе придонесат кон побрза и попрецизна дијагностика на невролошките заболувања кај граѓаните. Тоа, во исто време ја подобрува состојбата на македонското здравство во целина.