Повторно во функција ФБ страницата на Националното здружение за МС
Почитувани,
Како што повеќето следбеници на социјалните мрежи на Националното здружение за МС можеа да забележат, одреден период немаше никаква активност поради тоа што беше оневозможен пристап на администраторите на ФБ страницата. Токму поради оваа причина не бевме во можност да ве информираме и да одговараме на вашите пораки.
На наше посебно задоволство имавме среќа да ни излезат во пресрет вредните умови од AdValue, а посебна заслуга има Предраг Николовски со чија помош успеавме да ја вратиме ФБ страницата на Националното здружение за МС. Ви благодариме од срце.
Во иднина ќе продолжиме навремено да пласираме корисни и релевантни информации за сите лица кои се соочуваат со мултипла склероза и членовите на нивните семејства, нашите партнери, соработници и поддржувачи.
Уште еднаш упатуваме огромна благодарност до AdValue и Предраг Николовски. Без вас немаше да ја имаме оваа корисна социјална мрежа.
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Национално здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 11. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance), асоцијативна членка на Интернационалната МС федерација (анг. MS International Federation) и полноправна членка на Националната Алијанса на пациентски организации (НАПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
Повеќе за здружението на следниов линк.