Шеста година по ред подигнување на свеста за мултипла склероза во златниот месец септември
Шеста година по ред, кампањата за подигнивање на јавната свест за МС во златниот месец на годината – Септември.
Шеста година по ред нашите соработници, поддржувачи и протагонисти даваат целосната поддршка во подигнување на јавната свест за мултипла склерозата преку најразлични активности: пешачење, искачување планини, едрење, велосипедизам, крводарителски акции.
Посебна чест ни претставува што имаме прекрасни исклучителни лица кои нивното време и активности во тек месец септември, шест години го посветуваат на лицата со мултипла склероза.
Благодарејќи ваквите луѓе успеавме да ги искачиме планинските врвови во нашата држава, а најбитно, да ја подигнеме јавната свест за мултиплата склероза.
Прочитајте подетално што се случуваше септември 2024 година.
8. септември одличен ден за почетокот на кампањата
Национален парк Галичица – 27 септември
Благодарност на нашите поддржувачи и гостите од Германија.
- септември – Традиционална планинарска тура 25 години Галичица 2024 со должина од 24км.на учениците од ОСУ ,,Св.Климент Охридски,, Охрид.
И оваа година гимназијалците со поддршка на лицата со мултипла склероза. Дружба, едукација и подигнување на свеста за оваа категорија лица.
Благодарност за поддршка во подигнување на јавната свест за мултипла склерозата!!!