СООПШТЕНИЕ ЗА АЖУРИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА
Почитувани,
Ве информираме дека со допис од страна на ЈП за државни патишта беа доставени насоки за усогласување односно ажурирање на податоците за корисниците на персонализирани електронски картички за ослободување од патарина во системот во евиденцијата на ЈП за државни патишта.
Имено, членовите на Националното здружение за МС како и до сега ќе можат да поднесуваат документи за ослободување од плаќање на патарина, така што, во иднина, покрај другите документи потребно е да достават потпишана Изјава за давање согласност за користење на лични податоци од страна на ЈП за Државни патишта која може да ја преземете на следниот линк.
Согласно доставените насоки од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, а врз основа на член 66 од Законот за јавни патишта, членовите на Националното здружение за МС за да го остварат правото на ослободување од плаќање патарина потребно е до Здружението да достават:
- Членска легитимација со слика заверена од Националното здружение за МС (оригинал),
- Копија од медицинска документација за здравственета состојба (отпусно писмо, извештај од специјалист – невролог),
- Копија од лична карта,
- Копија од сообраќајна дозвола од возилото на лицето кое треба да биде ослободено од плаќање патарина, доколку не гласи на лицето со МС потребен е доказ дека е на близок член на семејството и
- Потпишана Изјава за давање согласност за користење на лични податоци од страна на ЈП за Државни патишта.
Барање за ослободување од плаќање на патарина во ЈП Државни патишта доставува Националното здружение за МС.
Националното здружение ги проследува докуметите до соодветните институции и по завршувањето на постапката и издавањето на електронската картичка, го информира лицето за начинот на подигнување на истата.
Важна напомена: Електронските картички за ослободивање од надоместок за патарина се користат исклучиво за возилото кое е ослободено и евидентирано во системот на ЈП за државни патишта.
Вашиот МС тим