Повеќе од еден месец соработка со НУГА БЕСТ
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека измина повеќе од еден месец од започнување на соработката со НУГА БЕСТ.
Воодушевени сме што на нашиот официјалниот меил дел од корисниците споделија корисни информации и позитивни зборови од користењето на услугите на НУГА БЕСТ.
Ви пренесуваме дел од искуствата на корисниците:
„При користење на Нуга терапијата се врши одличен баланс на енергијата што ја има телото и го враќа ‘рбетот во првобитна состојба за да немаме пречки во понатамошниот живот.“
– Васко Крстевски
„Благодарејќи на Националното здружение за МС, кое оствари соработка со фирмата, имав можност да ги користам нивните услуги.
Морам да напоменам дека сум користела, години аназад, плејада од разновидни терапии за физикална терапија за МС. Нуга бест ги надмина моите очекувања, третманот е пријатен за целото тело, а релаксирачката музика е дополнителен бонус.
Особено сум задоволна од апаратот за нозе, кој ми ја подобри циркулацијата и зајакна мускулите.
Планирам и понатака да ги користам услугите, бидејќи нема никаква контраиндикација.“
– Биљана Велиновска
„Откако користам НУГА бест имам повеќе енергија, подобрување на видот и значително ми се намали болката во ‘рбетниот столб.“
– Александар Маринковски
Ги охрабруваме лицата со МС, членови на Националното здружение, да си дадат шанса во интерес на подобрување на нивното здравје, односно да ги испробаат услугите и поволностите кои ни ги нуди НУГА БЕСТ.
Информирајте се детално тука.