Наскоро ќе бидемe членки на АПО и MSIF
Скопје, 08.01.2020 година
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ве информира дека неодамна аплицираше да стане член во Алијансата на пациентски организации (АПО) и Интернационалната МС Федерација (MS International Federation, MSIF). Со големо задоволство и ентузијазам ги пополнивме уредно ги доставивме потребните документи заедно со апликациониот формулар до АПО и MSIF.
Членството на здружението во Алијансата на пациентски организации претставува придобивка која дава можност заеднички да се детектираат сродните проблеми и заеднички да се настапува, постапува и дејствува во насока на нивно ефикасно решавање под капата на еден правен субјект кој обединува повеќе правни ентитети чии фокус се пациентите кои ги застапуваат во Република Северна Македонија.
Членството во Интернационалната МС Федерација (MS International Federation) дава можност да се биде дел од големо интернационално светско семејство на здруженија, сојузи и други правни лица чија цел се лицата со мултипла склероза во целиот свет.
Ова претставува отворена можност на здружението да биде препознаено како сериозен партнер кој ќе ги гради своите капацитети рамо до рамо со правни лица со долгогодишно искуство и стабилен кредибилитет во оваа проблематика.
Членството во овие коалиции е позитивна придобивка за Националното здружение за МС така што отвара можност за размена на знаења, искуства и здобивање практични вештини, присуство на голем број меѓународни/светски збиднувања кои ги обединуваат лицата со мултипла склероза и секако можност за поддршка од страна на сериозни локални и глобални организации.