Потпишан меморандум за соработка со Очна Оптика ГЕТАЛДУС АД Скопје

Ни претставува посебна чест да ви ја обзнаниме воспоставената соработка и потпишаниот меморандум помеѓу Националното здружение на МС и најголемата и најстара компанија во областа на очната оптика во Македонија – Очна Оптика ГЕТАЛДУС АД Скопје.
Што ќе користат членовите на Нациналното здружение за МС?
Членовите на Националното здружение за МС ќе можат производите на Очна Оптика ГЕТАЛДУС (оптички рамки, стакла, очила за сонце) да ги купуваат со 10% попуст на крајниот износ и воедно бесплатен очен преглед при купување производ/и од нивниот широк асортиман.
За да ја искористат оваа поволност, членовите на Националното здружение за МС се должни да достават потврда или картичка како доказ за членството.
Продажни салони на Очна Оптика ГЕТАЛДУС АД Скопје
Секој салон располага со ординација каде што се грижат специјалисти оптометристи или офталмолози.
Со 14 продажни салони, Геталдус е блиску до вас, каде и да сте. Во Скопје има 5 локации, додека другите се наоѓаат во Велес, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Пробиштип, Кочани и Струга.
- Продажен објект Скопје Камен Мост, ул.Македонија бр.56, тел.078 393 032
- Продажен објект Скопје ГТЦ, ул.Златарска Приземје, тел.078 393 033
- Продажен објект Скопје ТЦ Бисер приземје, тел.078 393 056
- Продажен објект Скопје Драчево, ул.Ратко Митровиќ бр.115Б, тел.078 393 365
- Продажен објект Скопје ТЦ Лептокарија бул.Партизански Одреди бр.64Б, тел.075 221 922
- Продажен објект Битола, ул.Јорго Османли бр.10, тел. 078 393 035
- Продажен објект Прилеп, ул.Гоце Делчев бр.60, тел.078 393 037
- Продажен објект Штип, ул.Тошо Арсов бр.14, тел.078 393 036
- Продажен објект Пробиштип, ул.Јаким Спиров бр.29, тел.075 218 821
- Продажен објект Велес, ул.8-ми Септември бр.40, тел. 078 393 082
- Продажен објект Тетово, ул.Тодор Циповски Мерџан бб, тел.078 369 638
- Продажен објект Кавадарци, ул.Моша Пијаде бр.4, тел.078 393 054
- Продажен објект Кочани, ул.Димитар Влахов бб, тел.070 272 340
- Продажен објект Струга, Ритаил Парк Набизи, тел. 075 234 423
Националното здружение за МС секогаш настојува да обезбеди најразлични услуги и продукти кои ги нуди на своите членови, токму поради различните потреби и можности на лицата со МС, додека меморандумот претставува документ кој сведочи за уште една успешно реализирана соработка во интерес на членовите на Националното здружение за МС.
За Националното здружение за МС
Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза – Здружение за МС е доброволно, непрофитно, невладино и непартиско здружение на граѓани, формирано заради остварување, заштита, унапредување и усогласување на правата, потребите и интересите, како и вршење на дејности и активности со цел подигање на јавната свест за мултиплата склероза. Oсновано е на 20. март 2019 година. Националното здружение е полноправна членка на Европската МС Платформа (анг. European Multiple Sclerosis Platform, EMSP), полноправна членка на Светската алијанса на пациенти (анг. World Patient Alliance) и асоцијативна членка на Алијансата на пациентски организации (АПО).
Потребата за формирање на здружението се наметна како резултат на неопходноста за обединување на лицата со мултипла склероза, нивните семејства со цел согледување на нивните потреби и инволвирање на останати чинители заради решавање на проблемите на лицата со МС, како и подобрување на квалитетот на нивното живеење. Исто така, секојдневниот напредок во медицината, токму во областа на неврологија бара интензивирање на реформите во оваа област.
Нашата мисија и причина за постоење е искрената желба за помош и поддршка на лицата со МС и нивните негуватели, во подигнување на свеста кај јавноста и проблематиката по однос на МС, сериозен пристап, навремена дијагностика и навремен и соодветен третман со цел спречување на прогресијата и инвалидитетот, поддршка на пациентите, едукација по однос на правата на лицата со МС и промоција на нови достигнувања во медицината.
За да дознаете повеќе за здружението посетете ја веб страницата