СООПШТЕНИЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ПЕРСОНАЛИЗИРАНИ ЕЛЕКТРОНСКИ КАРТИЧКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПАТАРИНА

Почитувани членови,
Националното здружение за МС согласно своите цели и области на делување во соработка со ЈП за државни патишта Скопје ја прави достапна можноста за користење на персонализирани електронски картички за ослободување од патарина за лицата со МС кои се членови на Здружението.
Од страна на ЈП за државни патишта Скопје со допис бр.10-9699/36 од 09.09.2025 година беше укажано на потребата од совесно и одговорно користење на персонализираните картички за ослободување од патарина.
Имено, како што повеќе пати досега сте информирани електронските картички се пресонализирани, односно содржат податоци за имателот (име и презиме на лицето со попреченост), како и единствен сериски број на уредот, модел на патничко моторно возило, боја на возилото како и регистарските таблички на истото, и може да ги користи нивниот имател за намената за која е востановено ова право согласно Законот за јавни патишта.
Секое користење надвор од овој начин и намена е злоупотреба на картичката која претставува јавна исправа, така што истото повлекува кривична и материјална одговорност за лицето кое ја злоупотребило како и нејзино блокирање во системот на ЈП за државни патишта Скопје и неможност за понатамошно користење.
Совесното и одговорното користење на правата е показател за нивото на нашата зрелост и подготвеност за вистинска долгорочна вклученост во заедницата.
Со почит,
Национално здружение за МС, Скопје