Информација зa работата на Комисијата за унапредување на правата на пациентите
Почитувани,
Со цел поттикнување на активната улога на секој поединец во грижата и
унапредувањето на сопственото здравје Ве информираме дека согласно Законот за
заштита на правата на пациентите, во рамки на Град Скопје како советодавно тело
на Градот Скопје, активно работи Комисијата за унапредување на правата на
пациентите.
Во насока на подобрување на положбата на пациентите оваа Комисија, меѓу
другото, може да ги врши следниве работи:
– следење и проценка на состојбата со заштитата на правата на пациентите;
– предлагање мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите
до надлежните органи: јавни и приватни здравствени установи,
инспекторати, Министерството за здравство, Министерството за труд и
социјална политика, Фондот за здравствено осигурување и други домашни и
меѓународни организации,
– соработка со надлежните органи и другите формирани комисии за
унапредување на правата на пациентите;
– разгледување поплаки од пациенти и предлагање на мерки до надлежните
органи;
– обезбедување на стручна експертиза ако оцени дека е тоа неопходно за
утврдување на состојбатa.
Имајќи предвид дека Комисијата има надлежност да постапува по поплаки
(претставки) од пациенти, доколку некој граѓаните смета дека му е повредено
некое право како примател на здравствена услуга може да поднесе претставка –
пријава до Комисијата.
Пријавата се поднесува со пополнување на формуларот на официјалната веб
страна на Град Скопје www.skopje.gov.mk, преку електронска пошта
pravanapacienti@skopje.gov.mk или обична пошта на адреса: Бул “Илинден” бр.82
со назнака: До Комисија за унапредување на правата на пациенти на Град Скопје
барака бр 2 ,телефонски број за информации 02/397 278, лице за контакт Игор
Стевчески – Соработник во одделението за социјална,детска и здравствена заштита и лично на назначената адреса во архивата на Град Скопје .
Со почит,
Национално здружение за МС