ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ НА ДОСТАПНОСТА ДО ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА
Почитувани членови,
Национално здружение за МС во континуитет ги следи барањата на своите членови и реакциите при соочувањето со проблеми во остварување на правата. Така, по направени анализи на состојбата, беа забележани потешкотии во однос на достапноста на дел од ортопедските помагала, односно сложена процедура која е товар на пациентите при обновување на помагалата на одреден период (месечно).
За таа цел, укажавме на Фондот за здравственно осигурување дека потребно е наместо при секое обновување/замена на ортопедското помагало да се поминуваат сите фази, лекарот- специјалист само да утврди дека сѐ уште постои потребата од ортопедското помагало и електронски да го извести Фондот за здравствено осигурување, кој веднаш ќе ја издаде потребната потврда за набавка на конкретното помагало, бидејќи здравствената состојба на лицата со МС е од хроничен карактер и е веќе утврдена при првичниот преглед.
За да се поедностави постапката, апелираме да се пристапи кон измена на Правилникот за индикациите за остварување на правото на ортопедски и други помагала, со што значително ќе се олесни достапноста на корисниците до соодветни ортопедски помагала, а од друга страна ќе го ослободи Фондот од сложените процедури кои влијаат на вкупната перцепција на граѓаните за работата на Фондот како дававател на услуги за осигурениците.
Во очекување на одговор од Фондот продолжуваме со активно презентирање и барање на решенија од институциите, кои ќе го подобрат квалитетот на животот на лицата со мултипла склероза но и на останатите граѓани.
Со почит,
Вашиот МС тим