БЕСПЛАТНИ ПАРКИНГ УСЛУГИ ЗА ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ЦЕНТАР
Јавните претпријатија кои управуваат со паркинзите во Град Скопје и Општина Центар, овозможуваат повластено користење (без надомест) на нивните паркинг услуги на сите јавни паркиралишта и јавни површини наменети за паркирање – зонско паркирање со кои стопанисуваат во рамки на својата надлежност.
- Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ГРАДСКИ ПАРКИНГ – Скопје,
Согласно Програмата за повластено користење паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг – Скопје од страна на лицата со попреченост за 2025 година, покрај останатите дијагнози, имаат и лицата со мултипла склероза со живеалиште во Скопје.
Доставување на документи потребни за стекнување со повластена дозвола за паркирање за лица со попреченост ќе започне на 01.11.2024 година и трае заклучно со 30.11.2024 година.
Кон барањето се доставуваат следните документи:
За корисници кои прв пат го остваруваат ова право:
- Важечка лична карта на лицето со МС – на увид
- Копија од важечка сообраќајна дозвола со кое се утврдува дека возилото е регистрирано
- Лекарски наод од специјалист – на увид (Отпусно писмо, Извештај или Решение од ПИОМ за степен на телесно оштетување)
- Потврда од матичен лекар за точно наведената дијагноза – оригинал, не постара од еден месец пред почетокот на перидот за поднесување на барање
- Членска легитимација од здружение – на увид.
За постоечки корисници кои поседуваат електронска чип картичка издадена од ЈП Градски паркинг – Скопје:
- Потврда од матичен лекар за точно наведената дијагноза – оригинал, не постара од еден месец пред почетокот на перидот за поднесување на барање
- Копија од важечка сообраќајна дозвола со кое се утврдува дека возилото е регистрирано
- Важечка лична карта на лицето со МС – на увид
И новите, и постоечките корисници покрај потребните документи доставуваат и Пополнет образец Барање – Договор (ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВОСТРАНО ПЕЧАТЕЊЕ!) во 2 примероци. Образецот, односно Барање – Договор можете да го преземете на следниот линк
Потребните документи се поднесуваат лично со физичко присуство во Градски Паркинг, на адреса ул. Ѓуро Стругар 15а. 1000 Скопје
ВАЖНА НАПОМЕНА:
- Оние лица кои не се во можност лично да ги поднесат документите, во нивно име може да отидат лица од потесното семејство кои во себе ќе носат документ кој што истото го докажува.
- Надоместокот за издавање на електронска картичка, во износ од 180 денари со вкалкулиран ДДВ од 18% е на товар на корисникот, а се однесува на лицата кои алицираат прв пат.
Дополнителни информации имате на https://gradskiparking.com.mk/obrasci-i-potrebni-dokumenti.nspx
- За Јавно претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар (ПОЦ) – Скопје,
Барањата за остварување на правото за добивање на Повластена паркинг картичка, на лицата со МС со живеалиште во Скопје, може да се доставуваат во текот на целата година.
Потребни документи:
- Важечка лична карта на лицето со МС
- Копија од сообраќајна дозвола за возилото
- Копија од лекарски наод од специјалист (отпусно писмо, извештај и сл.)
- Членска легитимација од здружение – на увид
Повеќе иформации можете да најдете на официјалната веб страна на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје https://mail.poc.mk/