БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2022 ГОДИНА
Ги информираме членовите на Националното здружение за МС (со постојано место на живеење во Скопје), кои во пропишаниот рок поднесоа уредна документација за добивање на персонализирани картички за превоз, дека го остварија правото за користење на бесплатен градски превоз за 2022 година на подрачјето на град Скопје.
Електронските персонализирани картички беа подигнати од дирекцијата на ЈСП Скопје на 31.12.2021 година, така што корисниците можат да започнат со нивна употреба.
Оваа година и покрај состојбата на пандемија со Ковид-19, ова право се охабрија и го остварија околу четириесет членови на Националното здружение за МС.
Како и минатата година, така и оваа финансискиот надоместок за изработка на нови песонализирани електронски картички за бесплатен превоз, целосно го подмири Националното здружение за МС, согласно донесената Одлука од Собранието на Националното здружение (број 0201-35/6 од 28.12.2019 година).
Оваа придобивка можат да ја користат само лицата со живеалиште на подрачјето на Скопје, согласно донесена Програма за повластено користење на јавниот градски превоз од страна на лица со посебни потреби во 2022 година, усвоена од страна на Советот на Град Скопје.
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ќе продолжи со своите програмски активности во интерес на лицата со МС со цел навремено и ефикасно остварување на нивните права, повластувања, придобивки.