БЕСПЛАТЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ВО 2023 ГОДИНА ЗА ЛИЦАТА СО МС ЖИТЕЛИ НА СКОПЈЕ
Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза информира дека лицата со МС – членови на Националното здружение за МС (со постојано место на живеење во Скопје), кои во пропишаниот рок поднесоа уредна документација го остварија правото за користење на бесплатен градски превоз на подрачјето на град Скопје за 2023 година.
Електронските персонализирани картички беа подигнати од дирекцијата на ЈСП Скопје на 11.01.2023 година, така што над педесет корисници се здобија со право на бесплатен годишен градски превоз на ЈСП за 2023 година.
Како и минатата година, така и оваа финансискиот надоместок за изработка на нови песонализирани електронски картички за бесплатен превоз, целосно го финансираше Националното здружение за МС, согласно донесената Одлука од Собранието на Националното здружение (број 0201-35/6 од 28.12.2019 година).
Оваа придобивка можат да ја користат само лицата со живеалиште на подрачјето на Скопје, согласно донесена Програма за повластено користење на јавниот градски превоз од страна на лица со посебни потреби во 2023 година, усвоена од страна на Советот на Град Скопје.
Тимот на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза ќе продолжи да работи во интерес на лицата со МС со цел навремено и ефикасно остварување на нивните повластувања, придобивки и права.
Со почит,
Вашиот МС тим