Светски ден на мозокот 2021, посветен на мултипла склерозата
Светската федерација за неврологија (World Federation of Neurology) во паретнерство со Меѓународната МС федерација (MS International Federation) за подигнување на свеста за мултипла склероза на Светскиот ден на мозокот.
Светската федерација за неврологија (WFN) со задоволство објавува дека темата на Светскиот ден на мозокот оваа година е Стоп за мултипла склероза. Во партнерство со Меѓународната федерација за МС (MSIF), целта на Светскиот ден на мозокот е да се подигне глобалната свест за мултиплa склерозата. Оваа невролошка болест влијае на секој аспект од животот на една личност, со ефекти кои се движат од когнитивно оштетување до значителна физичка попреченост. Светскиот ден на мозокот се обележува на 22 јули 2021 година.
„Секоја година, ние го користиме Светскиот ден на мозокот за да истакнеме област на неврологија на која и треба светско внимание“, вели проф. Tissa Wijeratne, претседател на Светскиот ден на мозокот. „На секои пет минути, некој е дијагностициран со мултипла склероза, што претставува состојба која го менува животот, така што итноста на ова прашање не може да биде поочигледна“.
Мултипла склерозата е предизвикана од губење на миелинот, еден вид масен / липиден слој што ги изолира нервите, оштетувајќи го мозокот и ‘рбетниот мозок. Мултипла склерозата се манифестира со голем број на симптоми, вклучувајќи замор, болка, проблеми со видот, проблеми со координацијата и подвижноста, како и когнитивни и емоционални проблеми. Раната дијагноза и пристапот до докажани третмани за модификација на болеста се од витално значење за подобрување на квалитетот на животот на пациентот и значително запирање на прогресијата на болеста.
„Ние сме воодушевени што можеме да соработуваме со Светската федерација за неврологија и да ја актуелизираме мултипла склерозата на овој Светски ден на мозокот“, вели Rachel King, меѓународен менаџер на докази на Меѓународната федерација на МС. “И покрај тоа што не постои лек за мултипла склероза, во последниве години е направен голем напредок за подобрување на опциите за третман на лица со мултипла склероза. Сега треба да се обединиме за да осигуриме дека секој може да добие пристап до вистинскиот третман во вистинско време”.
„Повеќе од 2,8 милиони луѓе од сите возрасти живеат со мултипла склероза низ целиот свет и секој од тие луѓе има приказна, пријатели, семејство и соништа“, вели претседателот на WFN, проф. William Carroll. „Нашата цел е да ја подигнеме свеста за мултипла склерозата и нејзиното влијание врз лицата кои живеат со неа, нивните најблиски, кое ќе резултира општеството да го подобри пристапот до квалитетна невролошка нега и третмани што го менуваат животот.
Како дел од кампањата за Светскиот ден на мозокот 2021 година, WFN и Меѓународната федерација на МС ги покануваат оние со мултипла склероза, нивните најблиски, давателите на здравствени услуги, организациите за мултипла склероза и сите други да се придружат за да се подигне свеста за запирање на мултипла склерозата преку употреба на хаштагот #WorldBrainDay2021.
За да дознаете повеќе за мултипла склерозата и да учествувате во глобалните активности за подигање на свеста, посетете ја https://wfneurology.org/world-brain-day-2021.