Времетраење на релапс кај МС
Клучни факти
- Релапсите или периодите за време на кои се потенцираат симптомите и активноста на МС се најчести кај релапсно реминентна форма на МС,
- Времетраењето на релапсите варира од денови до месеци,
- Многу е важно да се разговара со лекар со цел да се добие навремена терапија за симптомите и доколку е потребно да се разговара за промена на терапијата за модифицирање на болеста (ДМТ).
Релапсите претставуваат знакот, обележјето на релапсно реминентната форма на МС и активната секундарно прогресивна МС. За времетраењето на релапсот кај МС, или егзацербација, односно влошување на симптомите на МС може да биде 24 часа.
Должината и сериозноста на релапсот варира кај различни лица во зависност каде во нивниот централен нервен систем настанала штетата. Некои релапси траат само неколку дена, додека некои траат и по неколку месеци. Нивното времетраење, за време на посериозен релапс, може да изгледа како цела вечност .
Релапс кај МС кој трае помалку од 1 месец
Во студија во која се вклучени 5300 испитаници, мнозинството (62,5%) од релапсите траат помалку од 1 месец. Учесниците споделија колку често имаат релапси:
- 44% – помалку од 1 релапс годишно,
- 35,5% – еден или два годишно,
- 20,2 – повеќе од два годишно.
Кога влошувањето ќе почне да опаѓа, тоа не значи дека веднаш телото ќе се врати на основните симптоми. Потребно е време за да може телото да се опорави. Според искуството на еден испитаник, релапсот траел неколку недели, нему му било лошо три месеци, а било потребно повеќе од 1 година да се врати на основните симптоми,а сѐ уште имал некои преостанати ефекти.
МС претставува доживотна автоимуна болест. Текот на болеста може да се менува со тек на времето. Кај прогресивната форма на МС луѓето не доживуваат релапси и ремисии, и симптомите растат постепено со тек на годините. Според некои испитаници релапсот траел 6 недели, но кога прераснала во прогресивна МС симптомите станале секојдневни.
Релапс кај МС кој трае подолго време
Во студијата спомената претходно, 10,9% испитаници пријавиле релапси кои траеле од 1 до 2 месеца, 13,6% испитаници пријавиле дека релапсот траел повеќе до 2 месеца.
Релапс без оглед на неговото времетраење зема такса кај лица со МС, но кај подолготраен релапс покажува влијание врз емотивната издржливост и физички ограничувања. Потребна е грижа на менталното здравје исто како и грижата за имуниот систем. Ако лицето се бори со депресија или анксиозност, што е многу често кај лица со МС, потребно е да побара професионална помош или помош од луѓе со слична или иста дијагноза.
Третмани за релапси кај МС
За несреќа, според студијата претходно спомената, само 46,9% од испитаниците секогаш (или често) контактираат со својот доктор со цел управување со релапсите. Според истата студија само 18,5% од испитаниците го исконтактирале својот доктор за да му кажат дека имаат релапс, а само 7,3% го контактирале нивниот здраствен систем во врска со релапсот.
Потребно е да се разбере дека третирање на релапсот има одредени придобивки. Користејќи третман за санирање на релапс кај МС:
- Го скратува времето на симптоми на инвалидитет,
- Ги подобрува крајните резултати
- Им помага на луѓето со МС да добијат чуство дека имаат контрола на болеста
Секогаш информорај го твојот доктор доколку симптомите на МС се влошиле или се појавиле нови симптоми кои траат повеѓе од 24 часа. Третманот на МС вклучува употреба на кортикостероиди како метилпреднизон или актар гел, мускулни релаксанти, плазмафереза или физикална терапија.
Преваленца на релапси кај МС
ДМТ е докаано дека ги намалува зачестеноста и сериозноста на релапси кај МС, се намалува активноста на болеста, и се намалува прогресијата на инвалидитетот. Но сепак за да би имало ефект, потребно е истата да се зема во континуитет. Доколку релапсите станат почести, невролог е потребно да ја смени терапијата. Ако нема релапси, потребно е да се размисли за укинување на терапијата.
Релапсите кај МС се различни кај различни луѓе, варирајќи колку долго ќе траат и какви симптоми ќе има. Доколку МС симптомите создаваат значајни проблеми во секојдневниот живот потребно е да се побара медицинска помош.
Извор: https://www.mymsteam.com/resources/how-long-does-an-ms-relapse-last?fbclid=IwAR0MdmLz6DVd3loJo3yUtdEU2_jT7ODSjzuPykmRsKAVu5CNS8KJlg0xIGM
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.