Kолку навистина го разбираме тлеењето на мултипла склероза?
Новиот невролошки преглед за „тлеечка“ МС и попреченост покренува прашања за прифатените концепти
Возбудлив и интересен академски преглед за МС неодамна се појави во списанието “Therapeutic Advances in Neurological Disorders” („Терапевтски напредок во невролошките нарушувања“). Мултипла склероза што тлее: „вистинската МС“ е напишана од европски тим од 20 високо почитувани експерти за МС, главно невролози, со долгогодишно искуство во истражување и третман на МС, радиолози и други експерти. Координатор на оваа работа беше професорот Гевин Џованони, кој многумина го знаат од неговата редовна посветеност и активност за МС.
Прегледот критички го оценува нашето сегашно разбирање за тоа како се јавува оштетување во Централниот нервен систем (ЦНС) кај МС. Се залага за нови концепти кои ќе помогнат да се објаснат многуте аномалии што се појавија на виделина помеѓу прифатените мислења за основните механизми кои предизвикуваат оштетување на ЦНС поврзано со МС и нивната поврзаност со развојот на попреченост со текот на времето.
ОД ПРИФАТЕНО РАЗМИСЛУВАЊЕ ДО ИНОВАТИВНО ИСТРАЖУВАЊЕ
Оригиналното размислување за причините за инвалидитет поврзано со МС главно се засноваше на идејата дека кај релапсирачка – ремитирачка МС (RRMS), релапсите беа главните двигатели на промените на телесните функции и забележани се зголемувања во областите на оштетување во мозокот и ‘рбетот. Тридецениската екстензивна рутинска употреба на лекови / третмани за модифицирање на болеста (DMTs) за да се потиснат рецидивите кај RRMS имаат корист кај пациентите. Сепак, испитувањето на реалното искуство на МС откри посложена слика за тоа како симптомите на МС еволуираат со текот на времето.
Новиот преглед, сепак, предлага алтернативни концепти за да се објасни зошто сегашните толкувања на долгорочните податоци за оштетувањето на нервите поврзани со МС и сериозноста на симптомите не секогаш даваат целосно објаснување за искуство на МС. Користејќи објавени податоци од напредни студии за слики, индивидуални студии на случај на МС и набљудувања од неодамнешни истражувања, прегледот предлага нови потенцијални толкувања за тоа како се развива и еволуира оштетувањето на ЦНС.
Наведено како „МС што тлее“, истражувањето подразбира многу поконтинуиран тековен процес на оштетување во ЦНС отколку што претходно се сметаше. Прегледот дава убедливи аргументи за повторно размислување за нашето сегашно разбирање за природата на МС.
ИСТРАЖУВАЊЕ ВО КОНТЕКСТ
Публикацијата е труд со мислење – обемен, сложен и наполнет со зборови како „можеби“, „би можело“ и „веројатно“, што укажува на потенцијалот за тестирање и оценување на нови концепти. Мислењата може да бидат оспорени, таква е природата на истражувањето. Што е најважно, ќе бидат активирани нови истражувачки патишта за да се разјасни точно колку навистина ја разбираме вистинската природа на МС. Ова може да доведе до појасно разбирање за тоа што треба да се направи за да се контролира оштетувањето на нервите на ЦНС и да се запре напредокот на МС.
Што и да укажуваат наодите во иднина, веројатно е дека тие ќе влијаат на сите аспекти на управувањето и третманот со МС, без разлика дали се медицински, клинички, терапевтски и психолошки.
Прочитајте ја целосната студија за терапевтски напредок во невролошки нарушувања овде: https://journals.sagepub.com/doi/10.1177/17562864211066751
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.