Одржување здрава тежина со мултипла склероза
Клучни факти
- Луѓе со МС имаат зголемен ризик за зголемување на телесната тежина
- Одржувањето на здрава телесна тежина е важно за луѓе со МС, помага во подобрување на симптомите како замор и дневна поспаност.
- Два најважни и најефективни начини за одржуавње на здрава телесна тежина се соодветна диета и редовно вежбање
Одржување на здрава тежина за луѓе со МС претставува како одење по узгорница. симптомите на МС многу често прават вежбањето да е тешко, а тоа го прават и несаканите ефекти на лековите што се употребуваат за МС. Но не е невозможно. Постојат повеќе начини за одржување на тежината, како што се балансирана диета и редовна физичка активност. Во повеќето случаи ваквиот начин на живот може да помогне во подобрување на симптомите од МС.
МС и зголемување на телесната тежина
Луѓето со МС многу често дискутираат за одржување на телесната тежина и менаџирање на здрава телесна тежина.
Многу луѓе со МС бараат одговори во однос на нивната телесна тежина и одржување на истата.
Што предизвикува зголемување на тежината кај луѓе со МС
Луѓе со МС може да имаат променлива телесна тежина, и во двата правци, зголемување и намалување. Бројот на фактори кои придонесуваат во тоа се анксиозност/вознемиреност, намалена подвижност и негативни ефекти на лековите.
Комфорт во исхраната
Анксиозност/вознемиреност, стрес и депресија водат кон зголемување на телесната тежина. Депресијата може исто да предизцика некои луќе да јадат помалку од потребната количина што води кон намалување на телесната тежина.
Физички недостатоци и намалена мобилност
Симптомите поврзани со МС како што е замор и појава на грчрви, спастицитет, може да прават потешкотии во движењето, и со тек на време ова може да доведе до неактивен животен стил и со тоа зголемување на телесната тежина. МС може да предизвика физички недостатодци и да спречат да се извршуваат активности кои помагаат во одржување на тежината, но и да предизвика губење на тежината и појава на неисхранетост (појава на проблеми во голтањето, замор и спастицитет). Неисхранетоста предизвикува слабост во мускулите што и претставува еден од симптомите на МС и поради тоа истата е незабележана од лекарите.
Третмани, лекови за МС
Лековите кои се употребуваат за третирање на МС како стероиди може да влијаат врз тежината и нејзиното зголемување.
Некои пациенти кои примаат лекови за модифицирање на МС пријавија зголемување на телесната тежина или намалување на истата како последица од примање на лековите. Сепак не постои доказ за промена на телесната тежина како причина од примањето на лекови. Можно е други фактори да влијат во променливоста на тежината, како што е физичката неактивност.
Придонеси во однос на одржувањето на здрава телесна тежина
Менаџирањето на тежината е круцијално,значајно за луѓе кои живеат со МС. Имајќи прекумерна тежина може да ги влоши симптомите на МС и да предизвика други проблеми, вклучувајќи
- Појава на чирови
- Болки во зглобовите
- Преоптерерување на срцето и белите дробови
- Други здраствени состојби,како што е диабет тип 2 и висок крвен притисок
Стратегии за одржување на здрава телрсна тежина
Диета
Јадење на балансирана храна е важно за сите оние кои се обидуваат да ја одржат тежината, особено за лица со МС. Според едно лице со МС е дека единствен начин за одржување на тежината е да се води сметка и да се биде свесен за она што се внесува во уста т.е. јаде. Други пак направиле стратегии како да се намали внесот на шеќер или пак да се започне со диета во која ќе се намали внесот на јаглехидрати.
Важно е да се има во предвид дека некој сегашни студии покажуваат дека внесот на зеленчук и овошје, ниско заситени масти, и практикување на медитеранска диета покажува резултати. Лекари чија специјалност е МС најчесто препорачуваат вако тип на исхрана.Американската здраствена организација и Американското друштво за рак овој тип на исхрана го препорачува за целата популација.
Според National Multiple Sclerosis Society здрав начин на исхрана вклучува
- Житарици
- Разни видови на свежо овошје и зеленчук
- Посни протеини, како на рпимер риба, живина без кожа
- Здрави маснотии, вклучувајќи масло од соја и сончогледово масло
National Multiple Sclerosis Society исто препорачува да се избегнуваат транс масти, заситени масти и шеќери.
Потребно е да се разговара со лекарот во однос на примена на нов вид на диета.
Вежбање (физичка активност)
За оние кои можат да вежбаат, физичката активност има ефект во однос на одржување на телеснат тежина. Но луѓе кои живеат со МС многу често треба да вложат дополнителен напор за извршување на основните дневни активности, и вежбање. Еден пациент вели дека се обидува дневно да направи по 10 000 чекори што претставува потешкотија но сепак се труди да го направи тоа.
Вежбањето треба да започне со мали и лесни вежби кои полека ќе се зголемуваат .тоа игра важна улога во помош при МС симптоми. Еден пациент вели дека има подобрување во однос на движењето на неговата десна нога со помош на јога, пилатес. Тоа му помогнало и во однос на одржување на рамнотежата и на расположението.
Заморот најчесто е пречка за вежбањето и оджувањето на тежината.
Започнувањето со вежбање е тешко дури и за луѓе кои немаат МС. Тогаш пациентите со МС започнуваат со вежби кои се полесни, и со тек на време се зголемуваат.
Извор: https://www.mymsteam.com/resources/maintaining-a-healthy-weight-with-ms
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.