Сауна за мускулни болки – сува, влажна или инфрацрвена топлина

Мултипла склероза (МС) и мускулни болки многу често одат рака под рака. Заради ваквата состојба, најчесто се бара начин да се намали болката. Тоа се постигнува во топли бањи кои ја ослободуваат напнатоста на мускулите и сауните кои може да помогнат во намалување на мускулните болки, спазми и грчеви кои се карактеристични за МС, но сето ова е можно доколку пациентот може да ја толерира топлината.
Постојат повеќе типови на сауна со најразлични типови на топлина (сува, влажна и инфрацрвена).
Земање предвид чувствителностa на топлина
Многу луѓе со МС сметаат дека топлината, односно топлото време и влажна клима, исто и покачена телесна температура може да ги влошат симптомите на МС. Чувствителноста на топлина е чест симптом на МС. Години порано – топлите бањи беа користени за воспоставување на дијагноза, односно некој за кој се претпоставува дека има МС се става во топла бања со цел да се појават или влошат веќе постоечките симтоми на МС.
Иако чувствителноста на топлина е честа, не секој кој има МС е чувствителен на топлина. Според испитувања направени во Велика Британија, 80 проценти од луѓето со МС се чувствителни на топлина која всушност ги влошува симптомите на МС. Влошувањето на симптомите може да вклучи, замор, заматен вид, губење на рамнотежа, проблеми со концентрација или меморија. Некои студии покажуваат дека топлината од сауната негативно влијае врз некои основни функции како што е одење и станување од стол.
Влошувањето на симптомите се краткотрајни и не ја зголемуваат активноста на болеста.
Некои пациенти имаат подобрување на симптомите на МС со употреба на сауна.
Ослободување од болки со посета на сауна
Постоја три различни видови на сауна иако сите давааат ист резултат во однос на зголемување на телесната температура. Колку влијаат врз телесната температура се делат на повеќе видови. Може да се констатира дека некои видови сауна се подобри во однос на ослободување од болка кај лицата со МС.
-
Сува сауна
Сувата сауна е всушност традиционална или финска сауна. Таа најчесто функционира со загревање на воздухот најчесто 150 степени целзиусови или 195 по фаренхајт. Многу пациенти со МС кажуваат дека топлината им ја влошува состојбата, дури и доаѓа до појава на некои стари симптоми на МС. Главна препорака е да се поминува 15 до 20 минути во сауна. Се зависи од пациентот и заради тоа потребно е да се разговара со лекарот за времетраењето на периодот поминат во сауна.
-
Влажна сауна
Овие сауни се наоречени парни бањи. Името е дојдено е пареата што се создава од загреанта вода на темепратура од 110 до 120 степени по фаренхајт. Овој тип на сауна може да има неколку физиолошки придонеси поради кондензацијата што се прави на кожата од пареата која произведува пот. Пареата исто предизвикува сауната да се загре побргу што значи помалку поминато време во неа.
-
Сауна со инфрацрвена топлина
Сауната со инфрацрвена топлина го загрева телото со помош на инфрацевб лампи. Овој начин е поразличен од сите други видови на сауна. Овој тип на сауна е помалку топла од другите видови на сауна бидејќи се загрева на температурс од 105 до 140 степени по фаренхајт.
Пониската температура прави овој вид на сауна да биде избрана од некои луѓе, иако сеуште постои фактот дека оваа сауна е топла и предизвикува одреден вид на рпоблеми на луѓето со срцебиење и проблеми со срцето.
-
Испробување на видови сауна
Доколку не сте пробале и сте биле во сауна претходно, или откако ви е дијагностицирана МС, можеби си поставуваш прашање дали таа може да влијае врз симптомите на МС, дали ќе дојде до нивно влошување.
Таа може да делува врз некои пациенти на МС, а врз некои нема да има влијание, во секој случај треба да се контактира со лекарот невролог кој ве води.
-
Сигурна употреба на сауна
Неколку корисни совети при употреба на сауна:
- Од причина што ќе се потиш потребно е доволно да се хидрираш пиејќи доволно течност пред и после одење во сауна;
- Подготви ладен туш после сауната или ладна облека после сауната;
- Топлината може да го зголеми ризикот на појава на МС симптоми во вид на појава на заматен поглед или проблеми во рамнотежата;
- Топлината може да ги влоши кардиоваскуларните ефекти во однос на зголемување на срцебиењето. Но сепак некои студии покажаа позитивни бенефити кај луѓе со висок крвен притисок, но не секогаш.
Извор: www.mymsteam.com/resources/saunas-for-ms-muscle-aches-dry-wet-or-infrared-heat
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и необезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.