Магнезиум и МС, 6 работи што треба да ги знаете за магнезиумот
Многу луѓе со МС бараат алтернативен начин на лечење или природни терапии кои вклучуваат витамини, минерали и други суплементи. Истражувачите сѐ уште ја испитуваат поврзаноста на недостатокот на витамини и МС. Некои од овие истражувања го испитуваат и нивото на магнезиум во крвта. Некои пациенти по совет на лекарот земаат како додаток магнезиум, околу 400 – 800 милиграми дневно.
Истражувачите ја проучуваат поврзаноста на магнезиум и воспаленија кај МС
Повеќето истражувања за нивото на некои витамини и минерали и нивниот недостаок се однесуваат на Д витаминот. Ниско ниво на Д витамин самото по себе претставува ризик за појава на МС. Лицата кои земаат суплменти на Д витамин, се советувани да земат и магнезиум.
Малку истражувања укажуваат за потребата на магнезиум и неговата улога кај лица со МС. Магнезиумот претставува есенцијален минерал за мускулите и нервите. Поради тоа недостатокот на магнезиум може да предизвика воспаление на нервниот систем па од оваа причина истражувачите укажуваат дека при недостаток на магнезиум може да дојде до појава на МС. Некои тврдат дека земањето на магнезиум со витамин Д може да го намали воспалението на нервниот систем.
Една студија покажа дека земањето на калциум, магнезиум и витамин Д значително го намалува бројот на релапси. Истата студија покажа дека магнезиумот има влијание во формирање на миелинот. Кај луѓе со МС, имунолошкот систем го напаѓа ,миелинот, односно заштитниот слој на нервните влакна. Оштетување на миелинот ги зголемува симптомите на МС.
Друга студија покажа дека ниското ниво на магнезиум постои во централниот нервен систем и нивото на магнезиум во крвта не влијае врз луѓето со МС.
Симптоми на недостаток на магнезиум кои може да се поистоветат со симптоми на МС
Многу луѓе живеат со намалено ниво на магнезиум без да знаат за тоа. Тоа тешко се дијагностицира бидејќи има најразлични симптоми кај различни луѓе и состојби.
Најчести симптоми се мускулна спазма, замор, слабост, вртоглсвици, грчеви, чешање, нагони за повраќање, недостаток на апетит.
Ако луѓето имаат недостаток на магнезиум, тоа може да вклучи и срцеви проблеми.
Твојот доктор може да дијагностицира недостаток на магнезиум
Ако си загрижен за нивото на магнезиум во крвта, твојот доктор може да предложи испитување на нивото на магнезиум заедно со нивото на калциум и други минерали. Докторот може да побара ЕКГ на срце со цел да го процени нивото на магнезиум во крвта.
Суплементи на магнезиум може да помогнат во спазми кај нозете
Ако имаш МС и имаш спазми во нозете, твојот доктор треба да истражи која е причината за тоа, бидејќи најчеста причина за тоа е ниското ниво на магнезиум. Магнезиумот може да го внесеш и преку храна јадејќи ореви, лешници, бадеми, семиња, мешунки, зелени растенија со листови,компири со лушпа, грашак, овошје, какао, млечни производи со мала масленост.
Суплементите од магнезиум може да имаат негативни ефекти
Секогаш е најдобро да го прашате вашиот лекар дали да конзумирате суплементи од магнезиум и во колкава количина. Внесот на суплементи од магнезиум може негативно да влијае доколку се внесуваат заедно со некои видови на антибиотици или други медикаменти. Секогаш е подобро да внесувате магнезиум преку храна отколку преку суплемент.
Извор: www.mymsteam.com/resources/things-to-know-about-magnesium-deficiency-and-ms
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и необезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.