Како мултипла склероза влијае на менструалниот циклус?
Мултиплата склероза (МС) кај жените е 3 пати почесто застапена во однос со мажите. Хормоните играат голема улога кај болеста, не е изненадувачки што МС може да влијае на менструалниот циклус – кој исто така е управуван од хормони.
Некои жени забележуваат промена во симптомите на циклусот откако ќе бидат дијагностицирани со МС. Тие може да забележат потенцирање на симптомите на предменструален синдром (ПМС), промена на расположението, раздразливост, замор, болка, слаба концентрација и губење интерес за секс. Оваа колекција на симптоми обично се појавува неколку дена пред менструацијата и исчезнува неколку дена откако ќе ви започне. Понекогаш може да биде тешко да се направи разлика помеѓу симптомите на МС и ПМС. На крајот на краиштата, заморот, промената на расположението и сексуалните проблеми се вообичаени со обете состојби.
Прочитајте за да дознаете повеќе за тоа како MС може да предизвика промени во менструалниот циклус.
Може ли МС да влијае на менструалниот циклус?
Ако имате чувство дека ви се променил менструалниот циклус по дијагностицирањето на МС, можеби сте во право.
Во една студија, споредувајќи ги жените со МС со оние без МС, истражувачите откриле дека жените со МС доживеале променливи циклуси и симптоми на ПМС.
Една од причините за промената е тоа што температурата на вашето тело се зголемува малку за време на менструацијата. Дури и мало зголемување на температурата може да ги влоши симптомите на МС.
Хормоните се друга веројатна причина за врската помеѓу MС и вашиот менструален циклус. Половите хормони – естроген и прогестерон го регулираат менструалниот циклус и влијаат на активноста на МС.
Веднаш пред да добиете менструација, нивото на овие хормони опаѓа, што ги активира симптомите.
Хормоните се исто така причина зошто симптомите на МС се менуваат за време на бременоста. Зголемувањето на естрогенот и прогестеронот во текот на тие 9 месеци може да ги намали симптомите на МС (сè до породувањето).
Може ли лековите за МС да влијаат на вашиот менструален циклус?
Некои од лековите за модифицирање на МС, можат да влијаат на менструалниот циклус.
Бета интерферон, третман за релапсни форми на состојбата, може да предизвика неправилно крварење. Исто така може да ги натера вашите циклуси да дојдат порано или подоцна од вообичаеното.
Дали вашите менструални циклуси можат да влијаат на МС?
Врската помеѓу MС и вашиот менструален циклус е двонасочен. Истражувањата откриваат дека веројатно имате релапс на моториката, проблеми со видот и проблеми со координацијата во 3 дена пред менструацијата. Лекарите ги нарекуваат овие привремени напади на симптоми псевдо-егзацербации. Понекогаш е тешко да се знае дали симптомите како слабост, болка и замор се од MС или од вашиот циклус, бидејќи тие можат да се чувствуваат многу слично. Вашата ментална острина и моторни вештини исто така можат да доживеат промени точно во времето на менструалниот циклус. Во студија во 2019 г., жените со МС полошо положиле на тестовите за ментални и физички способности непосредно пред нивниот циклус.
Лекување на тешки менструални циклуси
Еден начин да се спречат вознемирувачките симптоми на ПМС е да се земаат апчиња за контрацепција или да се користат други хормонски контрацептиви. Хормоните во овие третмани ќе помогнат во регулирање на менструалниот циклус и треба да ги направат менструациите полесни. Лековите кои ја модифицираат болеста кои се користат за третман на МС може исто така да помогнат барем во некои аспекти на тешки менструации. Лековите што помагаат да се регулира имунолошкиот систем може да ја подобрат менталната магла што ја чувствуваат некои жени непосредно пред менструацијата. Можете исто така да пробате нестероиден антиинфламаторен лек како аспирин или ибупрофен. Овие лекови за намалување на болката без рецепт, можат да ги ублажат ПМС непријатностите како грчеви и болни гради.
Напомена
Некои жени чувствуваат страв неколку дена пред почетокот на менструалниот циклус поради симптомите на ПМС. МС може да ги направи менструациите понепредвидливи и понепријатни. Тие понекогаш можат да ги влошат симптомите на МС.
Ако доживувате многу болни и непријатни месечни циклуси, обратете се кај вашиот гинеколог и невролог. Гинекологот може да ви препише апчиња за контрацепција или други хормонски контрацептиви за да ги олесни вашите симптоми, додека вашиот невролог може да ви препише лекови кои помагаат при симптоми на МС.
Забелешка: Рубриката „Најнови информации“ е дел наменет исклучиво за вести и информации на оваа веб страница за оваа болест. Не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени во оваа рубрика не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.