Истражувачите ја зајакнуваат врската помеѓу Epstein-Barr Virus и ризикот од развој на мултипла склероза

Дали Епштајн-Бар вирусот (ЕБВ) (анг. Epstein-Barr Virus, EBV) предизвикува мултипла склероза?
Причината за појава на мултипла склероза (МС) не е сосема јасна, но веројатно е мешавина од генетика, животна средина и фактори на начин на живот. Тешко е да се каже дали некој конкретен фактор предизвикува МС или дали комбинацијата на различни фактори го зголемува ризикот од развој на МС. Во една нова значајна студија се зајакнуваат доказите кои сугерираат дека Епштајн-Бар вирусот може да биде еден од тие фактори на ризик.
Што е ЕБВ?
ЕБВ е тип на вирус на херпес. Тој е еден од најчестите вируси, пронајден кај 9 од 10 луѓе ширум светот. Се пренесува преку телесни течности како што е плунката. Може да предизвика инфективна мононуклеоза, позната и како жлездена треска. Откако телото ќе закрепне од болеста, ЕБВ останува „прикриен“ во организмот – создавајќи доживотна скриена инфекција.
Како ЕБВ се поврзува со МС?
Откако човечкото тело ќе го победи вирусот, имунолошкиот систем остава делови од напаѓачот зад себе – познати како антигени. Телото ги препознава антигените и го стимулира производството на антитела за да му помогне на имунолошкиот систем да го препознае вирусот доколку тој повторно нападне. ЕБВ антителата се поврзани со неколку видови на рак и автоимуни болести, вклучително и МС. Студиите сугерираат дека скриените ЕБВ антитела можат да комуницираат со имунолошкиот систем и нервниот систем, предизвикувајќи болести.
Различни студии пронајдоа врска помеѓу ЕБВ и МС, при што до 99% од лицата со МС откриле дека имаат антитела против ЕБВ. Подеднакво, повеќето луѓе без ЕБВ антитела имаат тенденција да не развијат МС.
Професорот Alberto Ascherio, заедно со колегите од „ Harvard T.H. Chan School of Public Health in Cambridge, USA“, следеа 10 милионски американски воен персонал во текот на 20 години. Тие сакаа да видат дали инфекцијата со ЕБВ го зголемува ризикот од развој на МС.
На почетокот на студијата тие земале примероци од крв и ги мереле антителата против ЕБВ за да видат дали поединците биле инфицирани со ЕБВ во минатото. Потоа земале примероци од крв секоја втора година за да тестираат дали претходно неинфицираните луѓе се заразиле со ЕБВ. Групата, исто така, го мери нивото на неврофиламентите „ level of Neurofilament Light (NfL)“. NfL е биомаркер – нешто што може да ни каже за состојбата на болеста. NfL често се наоѓа во крвта на луѓето кои имале некаква форма на оштетување на мозокот или нервниот систем, како на пример кога кај МС се распаѓа миелинот. Кај лицата кои продолжуваат да развиваат МС, нивото на NfL во крвта е високо до шест години пред да се развијат симптоми на МС. Ascherio, заедно со колегите, откриле дека кај лицата со МС, NfL се зголемува единствено по инфекцијата со ЕБВ. Ова ги наведе истражувачите да веруваат дека инфекцијата со ЕБВ била присутна пред да се развие МС.
Од 10 милиони испитаници, кај 801 била дијагностицирана МС, од кои 800 лица имале ЕБВ антитела. Тие откриле дека вкупниот ризик од развој на МС се зголемил за 32 пати по инфекцијата со ЕБВ. Групата проучувала и други вируси, како што е цитомегаловирус „cytomegalovirus (CMV)“, друг вообичаен човечки вирус. Тие не нашле никаква промена во ризикот од развој на МС по инфекцијата со ЦМВ.
Високото ниво на зголемен ризик кај лицата инфицирани со ЕБВ, заедно со големиот број испитаници, силно укажува дека ЕБВ може да биде важен фактор на ризик за развој на МС.
Што значат овие резултати за лицата кои живеат со МС?
Овие резултати сугерираат дека антителата на ЕБВ се поврзани со зголемен ризик од развој на МС. Но, бидејќи повеќето луѓе кои се инфицирани со ЕБВ не развиваат МС, ЕБВ сам по себе не е доволен за да предизвика МС. Сега треба да разбереме зошто некои лица кои биле инфицирани со ЕБВ развиваат МС, додека други не.
Постои временска разлика од околу десет години помеѓу откривањето на антителата на ЕБВ и појавата на симптомите на МС. Не е јасно зошто е тоа така, но сè повеќе докази сугерираат дека постои рана фаза на МС наречена „продромална фаза“. Во оваа фаза се верува дека МС се развива во телото и покрај тоа што лицето не доживува типични симптоми. Во овој период антителата на ЕБВ можеби веќе полека се борат со одбранбениот механизам на имунолошкиот и нервниот систем.
Бидејќи не постои начин да се избегне инфекција со ЕБВ, вакцинацијата може да биде решение. Ако ЕБВ е фактор на ризик за МС, можеби е можно да се развие вакцина против ЕБВ за да се спречи МС. Во моментов има многу научници кои ги истражуваат вакцините за ЕБВ, како и третманите кои се насочени кон ЕБВ кај лица кои веќе живеат со МС. Фармацевтската компанија „Moderna“ започна со прва фаза тестирање на потенцијална вакцина против ЕБВ во јануари 2022 година, тестирајќи ја нејзината безбедност кај здрави волонтери. Резултатите од овие студии нема да ни бидат познати некое време, но ќе имаат важни импликации за идната превенција и третман на МС.
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не обезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.