Аспартам и МС – Дали вештачките засладувачи се препорачливи и сигурни за лица со МС?
Спротивно од гласините, научниците велат дека конзумирањето на вештачки засладувачи не се смета за ризик по здравјето на луѓето. Според тоа нема научен доказ дека вештачките засладувачи како аспартамот предизвикува МС.
Но некои луѓе кои имаат МС се прашуваат дали воопшто да конзумираат вештачки засладувачи. Дали некој воопшто имал реакција на истите?
Што претставуваат вештачките засладувачи?
Вештачките засладувачи, таканаречени високо потенцијални или засладувачи без нутритувна вредност, обезбедуваат сладок вкус без нутритивна вредност. Тие најчесто служат како додатоци кои се ниско калорични или без калории и адитиви кои се користат во подготвување на храна и закуски.
Вештачки засладувачи во вид на вкусови и додатоци за храна
Храната и додадотоци на храна ослободени од шеќер претставуваат основа на многу диети за губење на телесна тежина, особено оние кои во основа ги имаат слабите карбохидрати. Вештачките засладувачи исто им помагаат на луѓе со здраствени проблеми како диабетис да внесат слатки и засладувачи во ограничена количина без да имаат влијание врз нивното здравје, односно зголемениот внес на слатки и засладувачи може да предизвикаат зголемување на шеќерот.
Неколку засладувачи се одобрени за употреба од американската администрација за храна и лекови (FDA Food and Drugs Administration) и генерално се одобрени како сигурни за употреба, а тоа се:
- Aspartam (equal,nutrasweet)
- Neotame (Newtame)
- Saccharin(SweetN Low)
- Sucralose(Splenda)
Аспартамот претставува најконтроверзен од вештачките засладувачи. Сахаринот е рангиран високо, бидејќе еднач е докажа дека е канцероген, односно содржи хемикалија која предизвикува рак. Аспартамот всушност е највеќе истражуваниот од американската администрација за храна и лекови.
Дали вештачките засладувачи се сигурни за употреба?
Во повеќе истражувања дојдено е до заеднички заклучок дека вештачките засладувачи не претставуваат ризик за употреба од страна на луѓето. Употребата на вештачки засладувачи во дозволената дневна доза не предизвикува значителен ризик врз здравјето на луѓето.
Препорачана дозволена доза на употреба на вештачки засладувачи е 40 милиграми за килограм за човек.
Сигурност, тестирање и одобрување на користење на вештачки засладувачи.
Додатоците на храна вклучувајќи ги вештачките засладувачи, и нивната употреба е строго регулирана од страна на американската администрација за храна и лекови. Ова значи дека пред нивна употреба треба да бидат ододбрени како сигурни и нетоксични. Процесот на одобрување вклучува неколку клинички студии и токсиколошки тестови.
Дали има поврзаност меѓу вештачките засладувачи и мултипла склероза?
Не постои објавен доказ дека постои поврзаност меѓу аспартамот и МС. Единствено има случаи кога употребата на аспартам некогаш има исти последици како и МС.
Вештачки засладувачи и МС Симптоми
Еден добро познат мит е дека вештачките засладувачи предизвикуваат симптоми слични на МС. Кога Центарот за контрола и превенција на болести анализираа 500 жалби поврзани со здравјето, научниците ги откриле најчесто пријавуваните последици од употреба на вештачки засладувачи. Тоа биле најчесто дигестивни проблеми (гасови, надуеност и грчеви), вртоглавици, замор, главоболки, промена на распиложение и поспаност. Освен наброените не постоеле други МС симптоми. Од сето ова 90 проценти од испитаниците имаат симптоми слични на МС. Исто е вистина дека се појавува одредена замагленост кај ограничени испитувања. Сепак замагленоста не е секогаш спомната како последица од употреба на аспартам. Вистина е дека кај 90 проценти од луѓето со МС се јавува замагленост како МС симптом. Кај многу испитувања, замагленоста не се јавуваат како последица од употреба на аспартам.
Кој не треба да користи аспартам?
Невозможно е да се каже дека е апсолутно сигурно. Сепак, базирано на колективните податоци од клинички податоци, вештачките засладувачи се сигурни за употреба од страна на лица со МС.
Ако имаш МС и еден или повеќе здраствени фактори, треба да избегнуваш употреба на вештачки засладувачим се додека не се ограничи на кои засладувачи постои алергија.
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и не оезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.