12 активатори на мултипла склероза и како да ги избегнете
Активатори на мултипла склероза (МС), како недостаток на витамин Д и стрес може да придонесат во влошување на симптомите на МС но кај секој човек различно, нивно избегнување помага и спречува појава на релапси.
МС активатори се сето ома што предизвикува влошување на симптомите или пак предизвикуваат релапс. Многу често може да се избегнат истите доколку ги знаете кои се. Редовното вежбање и балансирана диета може да придонесат во намалување на ризикот на појава на симптомите и настанување на релапс. Некои активатори може да се слични со некои активатори на други пациенти, но некои може да се единствени за одреден пациент. Со тек на време може да ги знаете активаторите кои може да предизвикуваат појава на симптоми и што може да превземете со цел намалување на истите.
1. Стрес
Да имате хронична болест како што е МС може да е причина за појава на стрес, но тој може да потекнува од работа, приватни врски или финансиски грижи. Високо ниво на стрес може да предизвика појава на симптоми на МС, како што е заморот.
Како да се избегне – најдете активност која го намалува стресот и ве релаксира и уживајте во истата. Јога, медитација и вежби на дишење може да помогнат во намалување на причините за појава на симптоми на МС и нов релапс. Разговор со професионалец во областа на металното здравје може да помогне во менаџирање со стресот. На пример, терапија за когнитивно однесување може да помогне во учење на нови стратегии како да се справите со појава на симптомите на МС и релапс.
2. Топлина / Жештина
Топлината од внатрешен систем за греење, сонцето, сауна и топли бањи може да ги засилат и влошат симптомите на МС.
Како да се избегне – ако жештината е активатор треба да се избегнува сауна и топли бањи. За време на топли денови треба да се носи полесна гардероба и гардероба која е со посветла боја и од материјал кој предизвикува ладење на телото со цел да се намали топлината.
3. Раѓање на дете
Бремени жени со МС може да доживеат релапс после породувањето. Шансата за појава на релапс е поголема во првото тримесеечие.
Како да се избегне – можеби нема да може да се избегне релапс после проодувањето, но сепак може да се превземат некои чекори за намалување на симптомите, односно, да се одмара колку што е можно повеќе со цел да му се помогне на телото да биде поефикасно.
Според некои студии доењето дава заштита од појава на релапси после породувањето.
Но ако сѐ уште лицето зема медикаменти за МС тогаш тоа може да е штетно за бебето. Некои луѓе може ќе одберат да престанат со земање на лекови или да ја сменат терапијата за време на бременост и доење.
4. Инфекции
Инфекциите може да предизвикаат појава на релапси, но МС може да претставува ризик за појава на некои инфекции.
На пример луѓе со нефункционален мочен меур многу често може да развијат инфекција на уринарниот тракт, што пак може да е причина за активирање на други МС симптоми.
Инфекции како на пример грип може исто така да ги влоши МС симптоми. Употребата на некои медикаменти може да влијае врз имунолошкиот систем на телото.
Како да се избегне – заштитувајќи се себеси од разболување и намалување на ризикот од појава на инфекции со често миење на раце за време на периодот на ладно време и грипови, особено во случаи ако лицето се наоѓа во период на влошени МС симптоми. Може да се превземат и други мерки во смисла на носење маска на јавни места.
5. Некои вакцини
Вакцините генерално земено се сигурни и се препорачуваат кај луѓе со МС некои вакцини што содржат живи патогени може да доведат до појава на инфекција особено кај луѓе со слаб имунолошки систем.
Доколку лицето зема некои лекови, доктор може да препорача да се одложи примањето на вакцина.
Како да се избегне – разговарајте со невролог во врска со примање на секаков вид на вакцина. Некои вакцини, како на пример тие за Ковид 19, помагаат при појва на нови инфекции во иднина. Доктор ќе одреди кои вакцини се најсигурни за лицето поединечно.
6. Недостаток на витамин Д
Истражување покажа дека ниското ниво на витамин Д во организмот е поврзано со случаи на влошување на состојбата кај луѓе со МС. Исто така соодветно ниво на витамин Д помага при заштита на организмот од развој на МС.
Понови студии укажуваат дека е потребно повеќе истражувања за влијанието на нивото на витамин Д во однос на влошување на состојбата кај луѓе со МС.
Како да се избегне – доктор може да го следи нивото на витамин Д во склоп на редовното испитување на крвната слика. Ниско ниво на витамин Д во крвта, може да се надиенсти во прва мера ио излоѓување на сонце и конзумирање на одреден тип на храна. Може да се препорачаат и одреден вид на суплементи, но сето тоа во договор со лекар.
7. Недостаток на сон
Сонот е витален за здравјето на човекот. Вашето тело го користи сонот за обновување на мозочните клетки и други оштетени области. Доколку не спиете доволно вашето тело нема да може да се обнови и најобичен замор може да предизвика влошување на МС симптомите. МС може да го направи сонот многу потежок поради мускулните спазми, болката и поради тоа да е потешко да се заспие. Некои лекови за МС може да предизвикаат проблеми во спиењето.
Како да се избегне – разговор со лекар доколку постојат проблеми во сонот и заспивањето. Спиењето е многу важен фактор за целосното здравје на човекот. Може да се подобри сонот и спиењето со тоа што ќе се избегнува вежбање и стимуланси (кофеин) пред спиење и со тоа што собата каде што ќе се спие да има адекватна светлина и топлина.
8. Слаба исхрана
Балансирана исхрана и редовно вежбање претставува подршка на целосното здравје, намалување на ситуациите на влошување на состојбата со МС и олеснување на целата состојба.
Како да се избегне – да се работи со диететичар кој ќе изготви план на исхрана. Некои студии укажуваат дека јадењето на виоко нутритивна храна како на пример зеленчук, грав, грашак, ореви, лешници, бадеми има позитивен ефект.
9. Пушење
Цигаруте и тутунот може да го зголемат ризикот и симптомите на МС и може да оредизвикаат побрза прогресија на болеста. Поради тоа пушењето претставува ризик фактор за некои медицински состојби и би кое би можело да предизвика влошување на здравјето, вклучувајќи болести на белите дробови и срцето.
Некои студии покажаа дека пушењето е поврзано со забрзување на состојбата на ограничување на мобилност и прогресија на МС.
Како да се избегне – откажување од пушењето откако е дијагностицирана МС и разговор со лекарот за да се најде начин да се направи истото.
10. Лекови
Некои лекови имаат потенцијал да ја влошат состојбата со МС. Потребно е да се разговара со лекар за намалување или целосно исклучување на некои лекови кои може да предизвикаат влошување на состојбата со МС. Во исто време, некоии невролози може да го набљудуваат земањето на некои лекови.кои може меѓусебе да имаат взаемнбо дејство и со тоа да предизвикаат влошување на состојбата со МС.
Како да се избегне – да се каже кои лекови и суплементи ги зема одреден пациент со МС на секој лекар со кој тоа лице има контакт.
11. Престанок со употреба на некои лекови
Понекогаш лековите за МС може да предизвикаат влошување на состојбата со МС, или пак да не бидат ефективни врз пациентот. Стопирање со нивна употреба може да предизвика зголемување на ризикот од појава на релапси.
Како да се избегне – да се икзбегнува престан на земање на некои лекови без претходна консултација со лекар.
Можеби не е забележително, но земањето на тие лекови го намалува бројот на релапси, оштетувања и најчесто функционираат во намалување на бројот на лезии.
12. Премногу себе форсирање
Заморот е најчест симптом на МС. Доколку лицето има МС и премногу се форсира во однос на себе измачување физички и ментално, можно е да дојде до појава на влошување на состојбата со МС. Напрегнување и замор може да предизвикаат појава на релапси и истите да траат подлго.
Како да се избегне – слушајте го сопственото тело, намалете ги активности доколку чувствувате замор.
Извор: www.healthline.com/health/multiple-sclerosis/triggers-to-avoid#pushing-yourself-too-hard
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и необезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.