Дали отечените лимфни јазли можат да бидат симптом на мултипла склероза?

Мултипла склероза (МС) е болест која влијае на централниот нервен систем (мозокот, ‘рбетниот мозок и оптичките нерви). Предизвикува многу различни симптоми. Отечените лимфни јазли не се директен симптом на МС, туку генерално знак на инфекција од вирус или бактерии како стрептокок. Поретко, отечените лимфни јазли може да бидат предизвикани од состојби како ревматоиден артритис, лупус или некои видови на рак.
Некои лекови кои се користат за лекување на МС влијаат на функцијата на имунолошкиот систем и го прават телото поподложно на инфекции. Луѓето со МС може да доживеат отечени лимфни јазли ако се заразат со инфекција додека земаат лекови за МС кои го потиснуваат нивниот имунолошки систем.
Иако отечените лимфни јазли обично не се поврзани со МС, може да помогне да се разбере повеќе што се лимфните јазли, зошто тие стануваат отечени и кога е време да се оди на лекар.
Што се лимфните јазли?
Лимфните јазли се дел од лимфниот систем, важен аспект на имунолошкиот систем. Лимфните јазли се мали структури во форма на грав кои му помагаат на телото да ги филтрира клетките на ракот, заразните микроби и штетните материи од крвта.
Лимфните јазли се првенствено лоцирани во следните области на телото:
- Пазуви (аксила)
- Градите
- Вратот
- Препоните
- Стомак
Лимфните јазли содржат имунолошки клетки кои му помагаат на телото да се бори против инфекциите. Тие го поддржуваат имунолошкиот одговор и ги активираат белите крвни зрнца наречени Б-лимфоцити (или Б-клетки) за производство на антитела. Антителата се протеини кои делуваат во борбата против инфекциите.
Отечени лимфни јазли
Лимфните јазли може да се отечени кога работат на борба против инфекции или поради воспаление од автоимуни нарушувања, повреди или разни видови на рак. Отечените лимфни јазли (често се нарекуваат лимфаденопатија) најчесто укажуваат на бактериска или вирусна инфекција. Поретко, отечените лимфни јазли се јавуваат кај автоимуни болести како ревматоиден артритис и лупус. Вообичаени причини за отечени лимфни јазли вклучуваат:
- Инфекции на горните дишни патишта
- Стрептококова инфекција
- Инфекции на увото
- Мононуклеоза
- Инфекции на забите (забен кариес)
- Хематолошки малигни болести
МС и отечени лимфни јазли
Отечените лимфни јазли не се директен симптом на МС. Луѓето со МС, како и општата популација, може да доживеат отечени лимфни јазли. Кога луѓето со МС имаат отечени лимфни јазли, тоа е веројатно од вообичаени причини, како вирусна или бактериска инфекција, и не мора да има никаква врска со активноста на болеста МС.
Сепак, има дилеми за тоа како МС може да влијае на лимфниот систем и дали може да предизвика отекување на лимфните јазли. Истражувачка студија од 2017 година сугерираше поврзаност помеѓу отечените лимфни јазли на вратот и МС. Треба да се направат повеќе истражувања на темата за да се утврди дали постои можна поврзаност помеѓу отечените лимфни јазли и МС.
Лекови за МС и ризик од инфекции
Некои лекови за МС може индиректно да предизвикаат отечени лимфни јазли бидејќи можат да го зголемат ризикот од инфекции. Во лекувањето на МС, невролозите често препорачуваат терапија за модификација на болеста, која помага да се намали бројот на рецидиви на МС и да се забави прогресијата на болеста.
Некои терапевтски лекови кои ја модифицираат болеста делуваат така што го потиснуваат имунолошкиот систем (имуносупресија), во обид да го спречат тој да го нападне и да предизвика оштетување на мозокот и ‘рбетниот мозок. Кога имунолошкиот систем е потиснат, луѓето се изложени на зголемен ризик од инфекции од туѓи материи. Затоа, зголемениот ризик од инфекција – што може да предизвика отечени лимфни јазли – е несакан ефект на некои лекови за МС.
Лековите што се користат за лекување на релапсно – ремитентна МС кои би можеле да го зголемат нечиј ризик од инфекција и потенцијално да предизвикаат отечени лимфни јазли вклучуваат:
- Финголимод
- Сипонимод
- Кладрибин
- Окрелизумаб
- Натализумаб
- Алемтузумаб
Кога да разговарате со лекар
Ако отечените лимфни јазли се предизвикани од инфекција, тие обично ќе се вратат во нормална големина откако основната инфекција ќе се лекува или ќе биде успешно совлоадана од имунолошкиот систем. Отечените лимфни јазли поради бактериска инфекција може да се третираат со антибиотици, а оние кои се симптоми на автоимуни болести или рак се управуваат со лекување на самата основна состојба.
Посетете лекар за отечени лимфни јазли ако тие:
- Стануваат поголеми
- Тие се присутни две до четири недели, или подолго
- Се појават без јасна причина
- Се чувствивате многу тешко
- Доаѓаат со други симптоми како висока температура, болки во грлото, необјаснето губење на тежината или ноќно потење
Ако имате тешкотии со голтањето или дишењето, веднаш побарајте медицинска помош од давател на здравствена заштита или итна помош.
Извор: www.mymsteam.com/resources/can-swollen-lymph-nodes-be-an-ms-symptom
Забелешка: Овој текст има информативен карактер и необезбедува медицински совет, дијагноза или третман. Оваа содржина не е наменета да биде замена за професионален медицински совет, дијагноза или третман. Секогаш побарајте совет од Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник за било какви прашања што може да ги имате во врска со здравствената состојба. Никогаш не занемарувајте ги или одложувајте професионалните медицински совети поради тоа што сте го прочитале на оваа веб страница. Мислењата изразени не секогаш се мислења на Националното здружение за МС и наменети се да предизвикаат дискусија за прашања кои се однесуваат на мултипла склероза.