Сакате подетално да се информирате за основачките акти и документите согласно кои Националното здружение за МС ја темели својата работа, погледнете подолу.
Транспарентноста, отвореноста и информирањето на јавноста се основни начела според кои работиме. Ова ни претставува привилегија и истовремено обврска, дотолку повеќе што тоа е пропишана одредба која сме должни да ја почитуваме согласно Основниот акт на здружението – Статутот и сите позитивни законски прописи во нашата држава.
Според член 13 од Статутот на Националното здружение за МС – Работата на Национално здружение за МС е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите, други здруженија или пошироката јавност за работењето и активностите на здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на здружението за материјално – финансиско работење и друго. За информирање на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата, интернет страницата, социјалните интернет мрежи и други форми на информирање.