Улогата на физикалната терапија во третманот на МС
По невидливите симптоми на болеста и здравата исхрана при МС, новиот подкаст на Националното здружение за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза го посветуваме уште една многу битна тема – улогата на физикалната терапија во третманот на мултипла склероза.
Гостин на овој поткаст е Илија Жежов, соработник и пријател на Здружението, добро познат физиотерапевт кому пациентите му веруваат. Довербата е заемна, а заедничката цел е подобрување и одржување на функциите на лицата со МС.