Улогата на физикалната терапија при третманот на МС (1) – За значењето и методите кои се користат

Мултипла склероза (МС) е прогресивна невролошка болест којашто ги оштетува нервите што резултира со појава на симптоми како што се вкочанетост, слабост, замор, болки во мускулите, проблеми со видот…
Кај некои луѓе, МС може да биде агресивна и брзо да напредува, додека кај други, може да биде блага и да напредува со побавно темпо.
Улогата на физикалната терапија во третманот на мултипла склероза подетално ќе ни ја претстави Илија Жежов, соработник и пријател на Здружението, добро познат физиотерапевт кому пациентите му веруваат. Довербата е заемна, а заедничката цел е подобрување и одржување на функциите на лицата со МС.