Здружението е основано во Март 2019 година, за помош и поддршка на лицата со мултипла склероза и нивните најблиски. Сите во тимот сме лица со мултипла склероза (МС), а тоа значи дека знаеме со што се соочуваме секој ден, но се трудиме и се бориме за подобар квалитет на живот за сите лица кои се соочуваат со оваа болест.
Велат дека кај МС предвидлива е само непредвидливоста. Тоа е и причината за нашето постоење, затоа се води оваа битка.
Бидејќи не заслужуваме живот одреден од болеста, туку од можностите.