Септември - месец на подигнување на свеста за мултипла склероза

Септември - месец на подигнување на свеста за мултипла склероза

Скопје, 15. октомври 2019 година

 

„Доколку сакате нешто да постигнете ќе најдете начин, во спротивно ќе најдете оправдување"

Среќни сме што има исклучителни лица кои нивното време и активности во тек на златниот месец, септември, ги посветија на лицата со мултипла склероза. Благодарејќи на овие хумани луѓе кои ни даваат несебична поддршка успеавме да ги искачиме планинските врвови во нашата држава, да пловиме низ сините пространства на прекрасното Охридско езеро, а најбитно да ја подигнеме јавната свест за мултиплата склероза.

Прочитајте подетално за сите настани каде со помош на нашите верни поддржувачи се вееше знамето на Националното здружение за мултипла склероза почнувајќи од првиот септемвриски ден.

01.09.2019 г. 

Лешница 2019
Во знак на поддршка на лицата со мултипла склероза знамето на Националното здружение за МС пристигна на крајната дестинација. Благодарение на Лидија Јагуриноска испишавме една успешна приказна, можеби мала, но за нас од огромно значење.

Благодарност до сите прекрасни луѓе кои ни даваат несебична поддршка во подигнување на јавната свест и актуелизирање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза.

07.09.2019 г.

Знамето на Националното здружение за мултипла склероза го искачи Елен врв - Галичица.

Огромна благодарност до Жанко Зш и неговите пријатели од Словенија за поддршката на лицата со МС.

Секој миг, секој час, секој ден е вистинско време за подигнување на општата свест за мултипла склерозата. Ние се бориме, но со помош на пријателите сме непобедливи.

08.09.2019 г.
З'ш авантурата продолжува. Уште еден искачен врв за подигнување на свеста за мултипла склероза.

Овојпат Жанко З'ш со пријателите и љубителите на планинските убавини на Кораб, 2.764 метри надморска височина.

Поддршка на лицата со мултипла склероза од највисокиот македонски врв (Голем Кораб) на денот на независноста на нашата преубава држава.

  

09.09.2019 г.
Со прекрасни пријатели сè е достижно и сите височини можеме да ги дофатиме.

Во чест лицата кои се борат со мултипла склероза Жанко З'ж и неговите пријатели се дежурни "виновници" за подигнување на јавната свест за МС.

З'ж авантурата денес нападна на Галичица, врв Магаро, висина 2255 метри надморска височина.

Секоја чест прекрасни планинари и пред сè хумани луѓе.


Што објави Жанко Голабовски на својот профил на социјалната мрежа ФБ:

Три дена, три врва, Елен врв, Кораб, Магаро
Искачуваме за лицата кои се борат со МС - мултипла склероза.
Да ја подигнеме јавната свест за МС.
Искачуваме, а во главата ми одѕвонуваат зборовите на Ана Карајанова-Димитрушева - „ОДЕТЕ ГИ СИТЕ ЧЕКОРИ ЗА НАС КОИ НЕ МОЖЕМЕ“.

20.09.2019 г.

Европската недела на мобилност

Во рамки на Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември, се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини, кои годинава се на тема „Пешачи со нас – сигурно пешачење и возење велосипед“.

Поддршка на лицата со мултипла склероза дадоа велосипедистите од Охрид на велосипедското дефиле предводено од Жанко З’ш Голабоски, кое се одржа на 20.09 под мотото „Исклучи го моторот- вози велосипед“.

 

21.09.2019 г.

Септемвриска Регата во поддршка на лицата со мултипла склероза

ЕК Нов Ветер на 21.09.2019 година во Охрид организираше септемвриска регата која покрај останатото даде поддршка на лицата со МС истакнувајќи го знамето на Националното здружение.
Благодарност до сите учесници (11 тимови во 3 категории со 3-5 едриличари на брод).

 

Пресреќни сме што Националното здружение има вакви посветени поддржувачи кои ни даваат несебична поддршка во борбата со ова хронична болест со илјада лица.

Ви благодариме од срце.